За
Автор: Цветин Чилиманов   Објавено на
share

Два статуса од ФБ на Цветин Чилиманов кои и тоа како заслужуваат да бидат објавени како колумна.

 

Извини Цветин,морално беше              

 

Би сакал да промрчам за коментарот дека "пензионерите одвојувале од плата, па сега имаат право да чекаат пензија". Тоа е погрешно гледање на системот што го имаме. Денешните пензионери не одвојувале за себе, тие биле (принудно) солидарни со идните генерации. Првата генерација пензионери немала уплатено ни динар во фондот, а сепак добиле фул пензија. Тие што се пензионирале следниот месец имале само една уплата. Требало да поминат 15-20 години за да речеме дека пензионерите уплатиле во фондот колку што извлекле од него. Значи ова не е фонд за лично штедење за на стари години (тоа е малиот втор столб), туку принуден систем на меѓугенерациска солидарност. Би можеле уште утре да го укинеме без никој да биде оштетен. Денешните пензионери се грижеле за своите родители, баби, дедовци, вујни и стрини преку еден гломазен државен систем, а сега нивните деца, барем судејќи по реакциите на фејсбук, веќе не сакаат да го прават тоа. Со полно право, имајќи предвид дека давачките станаа астрономски, со падот на наталитетот и служат процент од население без преседан да живее во релативен комфор со децении без да посегне по своите заштеди или да се потпре на своие деца, додека во исто време младите имаат 50 процентна стапка на невработеност, а ако се вработат, платите им се помали за 40 проценти. Фондот ПИОМ би можел да се укине уште утре, и никој нема да биде обесправен. Напротив, платите ќе летнат угоре, невранотеноста ќе колабира, а грижата за старите лица ќе се врати таму каде што и е место - во семејството
 
Од уставните измени, многумина се фатија за дефинирањето на бракот, Миленко запна за финансиската зона, Тања за уставните измени, но единствена работа која мене ме интересираше е поставувањето на граница на дефицитот на 3,5% и на долгот на 60%. Таа граница значи дека економски активната и пасивната класа во Македонија ќе се судрат, и би рекол дека оваа драма околу хонорарците е прва битка во војната која доаѓа. Јас коментирав дека со ова законско ограничување Владата ќе мора да почне да штеди,Bojan Tiktak мислам дека беше првиот кој ми рече "или да ги зголеми давачките", но како што гледаме, тоа е доста непопуларно. ВМРО досега не беше во оваа или-или ситуација, бидејќи мрцините од СДСМ до толку беа дибеци за економија што ВМРО успеа да ја помогне продуктивната класа со просто отворање на некои пазари (банки, телеком), легализирање на дел од сивата економија (рамен данок), привлекување странски инвестиции и правна заштита за недвижниот имот (легализација, денационализација, продажба дворови, нормален катастар). Тоа помогна економијата да расте, и покрај се уште високиот товар за социјални расходи и зголемувањето на пензиите и платите на администрацијата.
Но, притисокот на пасивното население, пред се пензионерите, е толку голем и веќе нема да моѓе да се игнорира. Секоја Влада може да прави финти, од типот плаќањето за новите автопати да го прогласи како расход независен од централниот буџет за кој нема да важи новото уставно правило, но ПИОМ веќе е дебело во негатива и подолго време наназад се покрива од централниот буџет, така да секако ќе се брои кон ограничувањетод од 3,5 и 60 проценти.
Значи, или зголемување даноци (уааа) или кратење трошоци. Е сега, како да кратиш од пензионерите? (ако сакаме реално да го решиме проблемот, други кратења не помагаат, но од друга страна, ако мислите дека Ленка и хонорарците се страшни, Hell hat no fury like a пензос на кого му скратиле 100 денари од пензија). Бранко се пензионираше, а уште му ги памтат тие 8% проценти  Да не тупам, накусо, во историјата немало случај толку голем процент луѓе да живее по една, две, три децении лагодно на сметка на најсиромашното, младо население. Кратење во ПИОМ е морално, и како морал, и како "извини Пиги". Може да биде кратење од побогатите пензоси (Трифун баш и не мора да добие пензија), кратење од сите линеарно или мојата омилена опција - кратење од тие без деца (што може да биде и политички паметно бидејќи барем пола од пензосите нема да сакаат да те убијат). За крај, кој не знае, нека провери зошто кратењето од ПИОМ се нарекува политичко допирање на третата шина (the third rail)



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани