Пцуење на мајката на Сашко Коцев - Говор на љубов и демократија
  Објавено на
share

Во својата фрустрација да предизвика било какво бранување на политичката сцена со било чија помош, опозицијата и нејзините добро платени и преплатени новинари од разни фондации не успеваат да дадат било каков сериозен резултат. Дури не успеваат ни самите да се соберат во некоја бројка која заслужува внимание. Немаајќи никаква поддршка на терен од било која структура, а пред се народ, граѓани, единствено што им останува е да гледаат статуси на ФБ и ако нешто некој напише, а што би можело да се истумачи како критика кон власта, веднаш пишатат како бабата во Том и Џери кога ќе види глувче.

И така, во нивното некреативно и импотентно  новинарство, начекаа еден статус на еден наш актер. Одма го копипастираа на сите страни мислеејќи дека постигнале ефект на виралност.

Си изгласавте закон со кој вие не сте опфатени?!?!? Со што тоа вие драги господа пратеници и функционери сте нешто повеќе од уметниците?Со што го заслуживте тој статус?Значи вие сте заштитени "бели мечки"?....не ! Вие сте само бели пудлици!! Да,да...салонско кутре кое служи само за шетање и сликање и е многу скапо за одржување. 
Но, не е проблем.Јас го имам аплаузот,феномен на човештвото.Аплауз кој го прави уметникот богат.Вистински и гласен аплауз.Не партиско тапшање по рамо,не не...не инсценирани аплаузи од луѓе со сендвич во раката.Не,туку вистински,нешто кое нема да го почувствувате ...затоа јас за вас сум подготвен не 40%,туку да платам 97% давачки.Со преостанатите 3% ќе одам да си купам сендвич
Збогум културо,збогум сиромаштијо.
п.с. Не ги ставам сите пратеници во ист кош,а ги ставам сите партии.
п.п.с.Ве молам не ми коментирајте !!!!!

Но откако и Сашко Коцев виде дека го злоупотребуваат за нивни пресметки им се избербати на фин начин но толку силно ги понижи што геровитал веднаш ја смени тезата обидувајќи се да го прикаже нашиот актер како кукавица, а неговиот пулен колегата од ладата, нивната интелектуална ударна тупаница и најпопуларниот опозициски новинар го објави следново:


Секако геровитал не виде овде говор на омраза, особено пцуење на мајка за која постојат неколку преседани на ослободување од одговорност заради насилство поради навредливи зборови спрема нечија мајка. Опозицијата мајка ќе ви пцуе ако не сте со нив или ако не постирате статуси кои ним им одговараат. Кога они ви пцујат мајка, се закануваат со педофилски дејствија врз ваши деца и силување на сопруги, тоа е демократија, мора да прифатите и одобрите таков говор. Вие морате да ќутите, трпите и не смеете да вратите со нивна мера. Додуша и не можете и да сакате, далку е ова и под вашето ниво. Но, од кого е, комплимент е!

Јас го осудувам, се згрозувам од ваквиот начин на обраќање кон Сашко и неговата мајка, а Сашко треба да добие јавно извинување и матерјална надокнада за овој мобинг и изживување ... кога тие луѓе би имале морал и етика ...

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани