Сторијата на Дневник, за лошата состојба во која егзистира ова многудетно семејство, ја потресе јавноста во Македонија. Многумина сега сакаат да помогнат. Досега ним им помагала и МПЦ но потребно е многу повеќе.
Неколку детали за ова семејство ако веќе се решите да им помогнете
Ова семејство живее во многу лоши и истрошени услови. Не е само храна и брашно кои ќе стигнат набргу деновиве. најитно им е потребно серозно некој од комапниите или ионие кои можат да си дозволат да им се обнови инсталацијата во живеалиштето која е во ужасна состојба.
- Немаат купатило ниаккво немаат бојлер децата немаат каде да се бањаат значи бојлер купатило со елемнети основни елементи
- Фрижидер
- Шпотрет, електричен, бидеејки сега користат на дрва на кој едвај нешто може да се зготви
- потребни им се врати и прозорци, изолацијата е многу лоша
- промена на инсталацијата во домот која е многу истрошена
- Варосување на станот
- Потребен е мебел, кревети, столици, маси
- потребни им се грејни тела на дрва или друго
- ако веќе се организира на дрва потребни се дрва како огрев
- облека за децата
- некој да им обезбеди компјутер децата нешто да се описменат некој мобилен за децата да може да бидат во контакт со родителите кога се надвор од домот
- претплата за интернет, некој да се нафати да им обезбеди барем за една година претплата
Ова се базични работи, не само за преживување туку тие деца да се оспособат и описменат за да можат да напредуваат и еден ден да се осамостојат.
Веќе контактирав луѓе од политиката и бизнисот и социјалните служби кои веќе се заангажираа да им се помогне, но можеме и треба многу повеќе.