Петстотини денари за снимка
Автор: Дарко Јаневски   Објавено на
share

Во Париз биле уапсени тројца новинари на „Ал Џезира“ поради тоа што го снимале градот со дрон. Им требало за работата. Нема врска со тероризам, ниту со било што слично. Зарем не е тоа нарушување на слободата на говор?

Што велат т.н. „Репортери без граници“ за ова, кои овде често ни биваат цитирани? Не велат ништо. Зашто нив не им е тоа работа. Франција не е земја на која разни шарлатани платени од Сорос можат да ~ држат лекции. Не смеат буквата Ф да ја изговорат, не пак нешто друго. Оти во таа земја прописите велеле дека тоа е забрането. Нема тука слобода на говор. Не можеш да леташ дронови и крај на приказната. И сеедно дали си новинар или нешто друго. 

Насер Селмани смета дека нема што новинарите да се плашат ако им бидат објавувани разговорите. Под услов да биле чисти. А ако имале швалерка, да си разговарале со жената или со девојката. Прилично мудро од врвот на ЗНМ. Тоа што овде не се работи за швалерки и швалери, туку за неовластено снимање и објавување на разговорите што е кривично дело, за ЗНМ не важи. Добро, а што правиме со оние што немаат швалерка, туку имаат швалер? И со женската популација која е снимена, а која нема швалер, туку има швалерка. Дозволено ли е, господо мудреци, за нив да се објават приватни разговори? Оти тие луѓе се чисти. Ама, зарем не е тоа загрозување на ЛГБТ-правата во земја каква што е Македонија? Ако не е, зошто не побарате да се објават разговорите и на некој странски амбасадор или амбасадорка во нашата земја со такви склоности? За да се промовира еднаквиот третман за различните погледи во оваа област. Оти не е исто кога таа еднаквост ќе ја промовира некој од нашето маало и кога тоа ќе го стори некој од земја кон чии стандарди стремиме. И да го советувате човекот за тоа да си разговара со партнерот. Ако го има. Само, да не ви ги тегнат ушите после? 

Всушност, ЗНМ ја пропагира следната логика: забрането е неовластено снимање. Ама не е забрането тоа што е неовластено снимено да се објави. На пример, кого Иво Kотевски сакал, а кого не. Што е приближно еднакво на инвентивноста според која би било забрането да се набави дрога, ама не би било забрането набавената дрога да се пушти во промет. На пример, да се дели по средни школи. Оној што сега се јавува од некоја земја во Јужна Америка, овде беше уапсен поради одгледување марихуана. Ама ако таа марихуана ја делел или продавал на други, тогаш тоа би било во ред и не би било казниво. 

Се чини најдобро е ЗНМ да донесе правилник. Според правилникот, да се одреди кое кривично дело незаконско прислушување и неовластено објавување снимки е дозволено, а кое не. Односно, тоа не би било правилник, туку интервенција во постојниот Kривичен законик. Со што ЗНМ ќе се промовира во Собрание на РМ. 

Така ЗНМ ќе може да одреди и кога некои материјали што се содржина на кривично дело неовластено прислушување и објавување ќе може да останат во рацете на тој што е осомничен за дело против државата. И тоа да не се третира како попуст од јавниот обвинител кон политичката партија која не е на власт. Со денови и месеци истата партија ја држи цела јавност во заложништво, а јавниот обвинтел кој нели е вмровец, односно под контрола на вмровците, тоа да го толерира. 

Истата логика ја има и СДСМ. Kривично дело било тоа што е пуштена снимката на Зоран Заев во кабинетот на Никола Груевски. Тоа било материјал снимен со посебни истражни мерки. А не е кривично дело кога тие пуштаат снимки што ги нашле во дворот оставени од загрижени патриоти на оваа држава. И кога е очигледно дека со тие снимки манијачат луѓе од партијата, наспроти тврдењето на Заев дека очите му зацрвенеле од работа.

И навистина, господине Заев, кога сме кај манијачењето над снимките, кој освен Сашо Ордановски ѕиркал во животите на луѓето? 

Добро, тогаш дозволено би било всушност секој од нас да си купи снимка од т.н. анонимуси и како ќе му текне да ја си постави на интернет. Не ви се допаѓа Никола Тодоров? Илјада денари и имаш снимка. Не ви се допаѓа Петре Шилегов? Kолку вреди неговата снимка? Петстотини или илјада и петстотини денари? Сакате да извадите нешто од контекст на Насер Селмани? Триста денари. И нека онанираат потоа по „Фејсбук“ фрустрани манијаци како тој што ја поставил снимката на еден од новинарите на „Сител“ со своето дете. Морони сте вие или што?

Стејт департментот по повод актуелната криза во Македонија преку Гласот на Америка ни ги порача истите повраќаници содржани во неодамнешното соопштение на овдешната амбасада.Тие се приближно како ЗНМ. Тие се за правна држава, за транспарентност, ама само кога се растура дрогата во Македонија. Не и кога се набавува. Нејасно е зошто Американците со вакво однесување си посочуваат со прст кон себеси како учесник во обидот за дестабилизација на РМ? Инаку, можете ли да замислите да постои Глас на Русија? Или Гласот на Kина. Гласот на Иран. Тоа би било пропаганда на мрачните сили. Ама ова другово е обид за ширење на демократијата. До толку ни е паметот.

Дарко Јаневски за ДНЕВНИК




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани