РЕАКЦИЈА
  Објавено на
share

Господа,

во текот на вчерашниот ден (среда 04.03.2015) на неколку портали (А1он, Плусинфо, Либертас...) финасирани од странски фондови задолжени за подривање на државноста и стабилноста на Република Македонија, а исто така и на насловната страна на весникот Слободен печат кој ја има истата улога во Македонија како и овие портали, осамна информација која се повикува на ВАШ допис.

Информацијата е со наслов: ОБСЕ веќе нема да контактира со медиуми кои му даваат простор на Миленко Неделковки!!!

 
Во текстот стои следната реченица: “Според тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје „одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки“, се додава во реакцијата на ОБСЕ“.

Како автор, уредник и сопственик на најгледаната и највлијателната политичка емисија во МАКЕДОНИЈА, барам да ме известите:
1. Дали постои ваков допис?
2. Дали во дописот постои дел каков што е цитираниот?
3. Дали за евентуален ваков допис е согласен амбасадорот на Руската Федерација во ОБСЕ?

Господа,
вие имате мисија во суверена, самостојна и просперитетна држава. Како таква, таа има највисок степен на слобода на говор. За разлика од многу други “стари“ и “нови“ европски држави. 

Во периодот од следните две недели ќе посветам една цела своја емисија на оваа тема. Односно на ОБСЕ, овој допис (долку постои), соработката, “прекинувањето“ на соработка (доколку соработа воопшто има) и слично. 

Одговори на овие прашања побарав и од Андреј Келин, постојаниот амбасадор на Руската Федерација во ОБСЕ.
 
Во мојата емисија посветена на ОБСЕ ќе го поканам и Г-динот Ралф Брет да биде гостин. 

Поздрав,

Миленко Неделковски

НОВИНАР ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


 
Линкови:

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани