1. Јас сакам да верувам дека имаме независно судство. Но, во случајот на Заев тоа не е така! Судството и обвинителството се сеуште заложници на СДСМ кој во 90-тите, во еднопартиското Собрание, си назначи 600 свои судии. И, изгледа затоа, законот не се применува кон Зоран Заев. Тој е обвинето лице. Не му беше изречена мерка протвор бидејки му беше одземен пасошот, па беше исклучена можноста од бегство. Но останатите два елементи за изрекување мерка притвор, Заев упорно и намерно секојдневни ги крши. Тоа се: Опасност од повторување на делото и Влијание врз сведоците. Тоа дури и тапа адвокати како Шилегов, Мики Максимум и Медарски го знаат. Дури Медарски може да си праша и у фамилија. Оти сите му работат кој во суд кој во обвинителство.
2. Пријавени и блокирани во само 48 часа беа страните на Горазд Росколија, Тони Михајловски Шанац и мојата. Чудна работа! Никогаш се нема случено такво нешто на страниците на Милчин, Геро лепотанот, Борјан Принцот Брајчински, Ацо што дува на полноќ и слични! Чудно нели? Горазд, Тони и Миленко пречат во спроведувањето на антимакедонската стратегија, тоа е.
3. Како се засилува политичката битка, или кога се ближат избори, или кога е некој важен ден, така се засилува лавината од лажни ФБ и Твитер профили, хејтери, вулгарности, лаги, измислици, фотошопи, закани, плукања. Тони Шанац има одлична констатација: “На следниот митинг понесете си ги и лажните профили. Повеќе ќе ве има“.
4. Во последниве 10 дена од вокабуларот на Заев и Шилегов ја снема првата нивна петарда, дека Грујо и братучедот прислушкувале! И стварно, да прашам, кој прислушкувал, бе! Грујо не ми личи на мазохост да се самоприслушкува и потоа самообјавува. Значи, кој прислушкувал, а?
5. Во станчето на Борјан Јовановски, што кога ќе порасне ќе сака да стане Шутел, имало технички проблеми. Прв на говорница се испенави Шилегов со реторика дека ете режимот им ја скинал струјата. Лажење – сушење. Шилегов се извини ли што ја лажеше македонската јавност? Нееее.
6. Проектот Космос беше замислен да бидат испрани парите од албанското подземје на Косово, и во Скопје да бидат населени косовари. Е па, нече мочи ове ночи. Не е ова Фрчко па да даде 160.000 пасоши/државјанства преку ноќ и да ја промени демографската структура на Македонија.
7. Фејсбук профилот Амон Сра (не Сра), го опишува Јохан Тарчуловски како воен злосторник. Тоа е веројатно според судот кој досега не осуди ниту еден албанец од Македонија, ама и од Косово, за резбање тела, дигање во воздух живи луѓе, палење луѓе, колење луѓе, трговија со човечки органи и слични работи. Две работи за Сра – НеСра.
Прво, на овој начин соживот нема да се има, Јохан е МАКЕДОНСКИ ХЕРОЈ. Второ, во текот на твојот животен веќ ќе има сосема нов и поинаков суд за дела против човештвото. Сите твои идоли ќе бидат на клупата таму.
Ах, и да не заборавам да те прашам. Зошто твоите соплеменици се исселуваат од Косово. Ја си мислев дека ете добивте втора држава, Америка стои зад вас, тече мед и млеко!!! Зошто ова бегање со Ниш Експрес?
8. Види бога ти. Па, што не кажуете вакви работи?! Коко Бојаровски и Владе Милчин и некој анонимус ја оштетиле и задолжиле МРТВ кога биле руководиоци во таа фирма. 32-14-82-79-28-13 (превод: Кој ќе ги враќа парите?).
9. Во меѓувреме: Комплетно е вратен долгот кон ММФ. Странска инвестиција со неколку илјади вработени во Прилеп. Исплатени субвенции кон раноградинари, лозари и полјоделство. Се градат школи, патишта, реновираат мостови. За сето ова не треба прислушкување. Се гледа на терен.
10. Радмила на Бобо, каде е овие 10-тина дена? У Мадона ди Пиљо ја усавршава левата христијанија? Или, беше во Дубаи на Ѓоковиќ – Федерер? XXX.
- Прашање: 6996-69-69-696 (Превод: Ќе дојде ли на прес Весна Бендевска?)
- Одговор: 69-969-6969-69-69 (Превод: Не, ама тука ќе е Мери Јордановска).
Заклучок: 00-//-00-!-?-@-?! (Превод: Супер. Немој да напраиш грешка Најчевска да си ја викнал).