О Јорго сине понирос - и тата би сине, алал да им е, домаќини!
Објавено на
Секое лето Заеви уживаат во ексклузивна куќа на три ката на море во Грција. Press24 еккслузивно дошол до документите кои покажуваат дека првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви на крајот од 2012 година ја купиле оваа екслузивна куќа на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни. За неа според документите со кои располага Press24 тие платиле 110.000 евра. Press24 во моментов располага само со еден од трите договори преку кои било извршено плаќањето. Овој договор е склучен на 20.000 евра, а нашиот извор вели дека таа се продала преку уште два договора со што се достигнал вкупниот износ од 110.000 евра, пишува порталот.
На него јасно се гледа дека семејството Заеви станува сопственик на оваа екслузивна хациенда на Халкидики во Грција.
Ексклузивната куќа на Заеви се наоѓа на самата плажа во Неа Мудања на Халкидики. Пребарувањата низ грчките агенции за недвижности покажуваат дека реалната вредност на ваков имот е далеку повисока од сумата што наводно Заеви ја платиле за оваа куќа. Имено, куќа со иста површина на првата линија до морето, како трикатната куќа на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.
КОМЕНТАРИ