Почувствуван земјотрес во Богданци, Валандово и Струмица
  Објавено на
share

 

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 18 часот и 29 минути во валандовското епицентрално подрачје, 120 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Богданци со интензитет од пет степени, а во Валандово и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани