НОВО ОД ТЕСЛА!
  Објавено на
share

 Новиот производ нема да биде автомобил, туку Тесла започнува со производство на нови батерии кои ќе имаат огромен капацитет и ќе можат да ви овозможат потполно да бидете надвор од мрежата. После 30-ти април нема ништо да биде исто. Револуција, еволуција, како и да е, Тесла започнува со производство на батерии со огромен капацитет кои ќе овозможат поголема независност не само во радиусот на движење на алектричните автромобили туку и за користење во домаќинствата.

Ќе се произведуваат батерии во две верзии од 10 и 15 Кw и веќе е испратена понуда на преку двеста, претежно сопственици на автомобилите на Тесла, но и кои имаат соларни куќи, во таканаречениот Солар Сити, да ги купат новите батерии по цена од 13 000 и 20 000 долари, зависно од капацитетот.

Батериите можат да се полнат на било кој начин, со соларна, енергија од ветер, генератор а тамошните регулативи овозможуваат ако имате вишок истиот да го продвате во дистрибутивната мрежа, што иако носи мала заработувачка, сепак е некаков профит од конечни 12-15 допари месечно. Батериите и окрај огромниот капацитет имаат релативно мали димензии 90 x 75 ги добивате во комплет со инвертер а се контролираат и преку било кој смартфон. Прогнозите се дека овој продукт ќе донесе профит од преку милијарда и триста милиони долари.

Дали е ова оној миг на менување на историјата на цивилизацијата како што беа моторите со внатрешно согорување на почетокот на 20 век и производтвото на фордовиот модел Т, ќе видиме наскоро. Сериското прозиводство започнува од 30 април 2015




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани