Почна реновирањето на „Тумбе кафе“, Пелистер се сели во Прилеп
  Објавено на
share

Почна најавеното реновирање на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола. Градежните активности стартуваа, а прво се очекува да биде поставена нова тревната подлога, со целосен дренажен систем за природна трева. Во втората фаза, според новиот веќе утврден проект, се очекува да бидат изградени четири трибини, со вкупен капацитет од 12.000 седишта, а ќе биде поставен и комплетно нов систем за осветлување. ФФМ преку хет – трик програмата во овој проект учествува со 800.000 евра, а останатите трошоци треба да ги подмири општина Битола.

Ова значи дека фудбалскиот клуб Пелистер до крајот на сезоната нема да може да игра под „Тумбе кафе“, а ќе се пресели на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, каде претстојниов викенд ќе му биде домаќин на Тетекс.

 
Почна реновирањето на „Тумбе кафе“, Пелистер се сели во Прилеп
 

извор




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани