ОТКРИЕНА СПОМЕН-ПЛОЧА НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ВО ПАРК МАКЕДОНИЈА
  Објавено на
share


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Амбасадорот на Руската Федедерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, Претседател на Совет, на општина Карпош,  Сашо Лазаревски, претставници на православната црква и претставници на Бизнис секторот, денеска /16.04.2015 година/ во Парк Македонија присуствуваа на свеченото  откривање на спомен-плочата на Јуриј Гагарин.

 

- Сакам да го изразам моето задоволство што ја имам честа, во деновите посветени на космонаутиката, свечено да го одбележиме поставувањето на ова спомен-обележје.Воедно, сакам од името на граѓаните на Скопје да  изразам благодарност на амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, и лично на Амбасадорот г-дин Олег Шчербак,и неговиот тим за неговите силни напори на македонската престолнина да и подари споменобележје за човек кој е светски симбол за надминување на границите на човечките достигнувања и можности. На 12 април 1961 година космонаутот Јуриј Гагарин излезе од земјината атмосфера и по повеќе од час и половина престој во вселената безбедно се врати на земјата. Оттогаш почна да се испишува  и нова страница на човечката историја.И денес Гагарин е симбол на човештвото за бестрашност, за технолошки просперитет и за прв чекор кон освојувањето на простори надвор од границите на земјината топка.И затоа, граѓаните на Скопје со задоволство го одбележуваат денот на летот на првиот човек во вселената и со задоволство ја примаат донацијата - споменик на Јуриј Гагарин, поставен на истоимената улица- истакна градоначалникот Трајановски.                                                                          

 

Градоналникот Општина Карпош, Стевчо Јакимовски изјави дека во непосредна близина на спомен-плочата сец наоѓа и улицата којашто го носи името на овој голем човек кој по неговиот лет во вселенат испиша нови страници во светската историја.

 

Амбасадорот на Руската Федедерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, го изрази задоволството од одличната соработка со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Градоналникот Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и истакна дека спомен-обележјето во Скопје ќе не потсетува сите на подвигот кој прв го направил Јуриј Гагарин, а тоа е да полета во вселената и успешно да слета повторно на Земјата.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани