падот на експертската влада
Автор: Виктор Трифуновски   Објавено на
share

1992 година е срушена експертската влада во која кадрите на ВМРО беа доминантни. Киро Глигоров и Никола Кљусев ја формираа експертската влада која требаше да владее се до наредните избори 1994 година. Сепак, СДСМ ја сруши експертската влада и формираше своја...и покрај фактот што на претходните парламентарни избори 1990 година победи ВМРО, а не СДСМ.

Есента 1994 година, кога СДСМ ги украде изборите (не со гласачи од Пустец во Општина Центар, туку комплетно низ цела Македонија) ВМРО ДПМНЕ исто така го бојкотираше парламентот. Меѓутоа никому на памет не му падна насилно да влегува во парламент или во Влада. Тогаш едвам имав 18 години, и присуствував на големиот митинг на кој говореа Љубчо Георгиевски и Петар Гошев. Полиција имаше три пати повеќе од денес, плус беа поставени снајперисти на околните згради. Немаше НИКАКОВ инцидент. Ниеден полицаец не беше ниту навреден, а камо ли повреден. Се разотидовме најмирно и најдостоинствено, иако МРТВ тогаш јави дека на протестите немало жива душа. ВМРО ги пречека наредните избори 1998 година, и победи.

Кога се случи 2001 година, услов за СДСМ да учествува во преговорите за уставните промени беше тие да влезат во Владата. Така се напикаа во влада без да добијат легитимитет, ја опструираа одбраната на македонските вооружени сили, за на крајот комплетно да ја превземат власта.

Кога ВМРО повторно победи во 2006 година, опозицијата ги блокираше сите закони и сите реформи кои требаше да поминат низ собраниска процедура. Рамниот данок, поволностите за странските инвеститори, и низа други реформи беа пречекувани со собраниски говори од по неколку часа. Од 2006 до 2008 година ВМРО имаше влада... ама прашање е дали фактички владееше?

Денес е 2015 година, и опозицијата јасно става до знаење дека во владата мора да влезе директно, без избори...или во спротивно ќе ги радикализираат протестите.

Иако многу нивни потези јавно сум ги исудувал, верувам дека тврдото владеење на ВМРО потекнува томку од фактот дека секогаш биле рушени од власта, а не победени на легитимни избори.

https://www.facebook.com/viktor.trifunovski.5/posts/10206662740469704?fref=nf




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани