ВО ШТО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ
  Објавено на
share

Со премиерот на Република Македонија Никола Груевски апсолутно се согласувам со неговата изјава за Фајнаншел Тајмс дека нема намера да поднесе оставка. Не само што тој си нема намера, туку и ние што сме гласале за него не сме го гласале за да дава оставка кога било која европска шуша или сдсмовски лажов ќе го побара тоа од него.

Со Никола Груевски исто така апсолутно се согласувам со заклучокот дека народот решава кој ќе ја води државата, а кој не.

И уште нешто, се согласувам со него дека опозиција на следните избори, кога и да се, ќе доживее пораз незабележан во нашата историја. Пораз поголем и од она колку што Радмила Шекеринска би загубила на избори.

Од друга страна, со нашиот легално и масовно избран Премиер не се согласувам дека на СДСМ треба да му се даде или да му се попушти било што. Имено, ние граѓаните на Република Македонија што гласавме за програмата и ветувањата дадени од ВМРО и Груевски, значи ние половина милион Македонци, не го дадовме својот глас минатиот април за да му се дозволи на СДСМ да има свои “контролори“, “супервизори“ или било какви други смешни наименувања што ќе владеат паралелно во најмалку 4 министерства. И, да не заборавам, каде ќе имале право на вето!!! Се извинувам, ама за такво нешто јас гласот не го бев дал.

Нас не не интересира дали некој од раководството, министрите, бизнисмените, дректорите, новинарите, медиумските газди и слични што се прославија во “бомбите“, имал слаба или никаква безбедносна култура. Дали некој или некоја биле оговарачки расположени. Дали некој или некоја циганите ги нареувал цигани, а албанците шиптари. Тоа нас не не интересира. Нас не интересираат ветувањата, програмата (проширена и надградена), работата. Ако некој од тимот на Груевски изработел лошо, или криминално, или неморално, или непретпазливо или малограѓански – нека повели партијата, партиските органи и лично Груевски нека си се расправи со нив. Нека ја очисти партијата од такви. Нека ја очисти партијата и од вештачките нео-вмровци што сега се обидуваат да фатат друга композиција на друг перон, нека го прочисти списокот на повратниците од другите пајтон партии, нека… Нека си направи реформа во партијата, за да можеме, ние граѓаните што сме гласале за него, повторно да го гласаме. И тоа да го гласаме со задоволство. И со задоволство и масовно.

Ние граѓаните на Република Македонија што лани, а и во сите изборни циклуси од 1991-ва наваму, даваме масовна поддршка на ВМРО, а не сме членови на таа партија, бараме да не се поткусуруваат политичарите со нашите гласови. Половина милион сограѓани, членови и нечленови на ВМРО, гласале за Груевски и неговиот пат и визија. Ќе гласаат пак. Ќе го сомелат, изгорат, здробат и стават под бетонска плоча Зорав “Црпнат“ Заев и неговите пајташи. На есен, во април догодина, кога и да е времето на следните избори.

Но треба да е јасно. Ние не сме во кондурите на Груевски. Ние не знаеме, неможе ни да замислиме, со какви закани, уцени и насилства се соочува кога “разговара“ со “нашите пријатели“ од ЕУ, НАТО и САД. Ние не сме во неговите кондури, но ние го избравме него да не застапува нас и нашите интереси. Го избравме да ја оствари програмата што ни ја понуди.

Доколку заканите и уцените што тој ги трпи се во рамките на криминал, пари, сексуална определба или слични работи карактерстични за огромен број светски лидери од сите страни на светот, тогаш тој е должен со таква работа да се справи на начин што ќе ја расчисти. Колку и да се вклучени негови блиски, од доверба или мили особи, државата е поважна од нивните судбини.

Но доколку не е тоа, а е соочен со закани и уцени што се геостратешки рекет, политичко насилие, воена закана или ако му претат со елиминација на неговата сопруга и ќерки, е тогаш тој мора да се обрати до својот народ. Да ни ги соопшти заканите и мрачните сценарија, да ги обелодени странските држави, дипломати и амбасадори, па нардот да му ја даде комплетната доверба и заштита. Оти во такви случаи, единствениот спас е народот. Само народот и никој друг.

Сите овие што се моткаат низ Македонија како Бејли, Орав и другите амбасадори, ич не им егајле за нас и за него. Овдека не гледаат како монета за нивното напредување во кариерите. Нашата судбина, иднина, живот ништо не им значи. Тие не се ниту негови, ниту наши, пријатели. Тие се егоцентрични кариеристи и лукративни рекетари.

Единствен начин да ги минеме овие тешки времиња обременети од напад на домашните предавници од типот на Орданоски, Милчин, Героски и слични, но и нападите и уцените од странство, е да бидеме сплотени. Премиерот да е со својот народ. И народот да е со него.

Судбините на Миле Јанакиевски или Гордана Јанкуловска, на пример, се небитни во однос на иднината на државата и благосостојбата на граѓаните. И Миле и Гордана, и некој друг Миле и друга Гордана, ќе си го тераат животот и понатаму. Но ние како народ не смееме да бидеме заложници на игра за спасување на нивниот (од нив самите) нарушен интегритет. Сами си го нарушиле, нека си живеат со тоа до крајот на животот. ВМРО и Груевски не се одговорни пред некој Миле или некоја Гордана, туку пред својот народ.

ВМРО и Никола Груевски сега се пред историска задача да направат внатрепартиска реформа. Голема, болна и исклучително тешка но чесна и транспарентна. Директорите на Јавните претпријатија што злоупотребувале, макар и чачкалици, да си одат. Политичарите што наместо да работат оговарале по телефон, исто така. Раководителите што се препуштиле на хедонизмот со Кохиба и Реми Мартен исто така.

ВМРО секогаш била јака партија оти била народна. Оти знаела да се соочи со непријателите, но пред се со внатрешните слабости. Знаела да ги исправи, да учи од грешките, да излезе посилна.

Така да, мој Премиеру, наш Премиеру Никола Груевски, лани гласот го дадовме затоа што побара 62-ца во парламентот, за да не те уценувале. За да истераш 4 години. Ти добро знаеше, а ние надвор од вашите кабинети исто така знаевме, дека на првата кривина ќе избегаат Лиле Поповска, Павле Трајанов. Таквите политички трутови и крлежи еве ги гледаме. Добија се, не придонесоа ништо. Павле ти бара слобода за Слободан Богоевски, Лиле бара слобода за зетот. Тоа е нивниот дострел во политиката.

Следните избори брзо ќе дојдат. Многу брзо. Ние пак ќе гласаме за МАКЕДОНСКАТА партија, а не за партијата на педери (такво знаме развиорија деновиве).

Тебе и нас, ни требаат тие 500.000 гласа. Ни требаат и повеќе. Тие гласови се на луѓе што те држат за збор, за ветеното, за кажаното.

Значи, не беше ветено ниту кажано, го нема во програмата, дека СДСМ ќе контролира било што со вето, најмалку министерства.

Ако те стискаат, ако те малтретираат, ако те уценуваат ослони се на својот народ. Оствари го ветеното за комплетна судска разврска за Пуч, за тоа дека нема шанси за било каква предона влада во која ќе е ВМРО, за недозволувањето било кој да те уценува.

Новата Македонска историја ќе памети луѓе што ги воделе народните маси и државата имајки добиено голема доверба, но кои завршиле во калта на историјата оти надежите на широките маси ги изневериле: Бранко Црвенковски, Васил Тупурковски, Љупчо Георгиевски… Новата Македонска историја сака да има и човек што ќе го памети со тоа што бил цврст, чесен, исполнителен… Човек што не го разочарал својот народ. Таква шанса, таква единствена шанса, имаш ти Никола. За тебе ова време е време “на штитот или со него“.

Александар Македонски, нашиот цар, би рекол: “Не постои ништо невозможно на оној кој ќе се обиде“.

Миленко Неделковски
27.06.2015
20.00 часот
Локација: Мала вештачка акумулација (езерце) под с. Подлес.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани