А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?
  Објавено на
share

Еден монах му раскажал на старец Силуан Атонски нешто што прочитал на портал и патем, го прашал: А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?

- Јас, синко, не ги порталите и нивните новости — одговорил тој.

- Зошто така?

- Затоа што читањето портали го помрачува умот и пречи чисто да се молиш.

– Чудно — рекол монахот.  Мене пак, обратно, порталите ми помагаат да се молам. Ние живееме овде во пустина, ништо не гледаме и така душата постепено заборава за светот, се затвора во себе и заради тоа молитвата ослабнува… Кога читам портали гледам како живее светот и како страдаат луѓето и од тоа кај мене се појавува желба да се молам. Тогаш, служам ли литургија, се молам ли во себе во ќелијата, јас од душа го молам Бога за луѓето и за светот.

- Душата, кога се моли за светот, и без портали подобро знае како тагува сета земја, таа знае какви потреби имаат луѓето и ги жали.

- Како може душата да знае од себе што се прави во светот? — прашал монахот.

- Порталите не пишуват за луѓето, туку за настаните и тоа најчесто невистинито; тие го воведуваат умот во метеж и сепак, вистината од нив нема да ја дознаеш. А, молитвата го очистува умот и тој сn4; гледа подобро.

Преземено од http://azbyka.ru/otechnik/

 

пс самоволно напавивме апдејт на текстот и ставивме "портали" на местото каде беше зборот "весници", затоа што денес весниците се далеку поквалитетни за читање за разлика од тињата во која го потона новоинарството со тнр портали




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани