Женска вијагра
  Објавено на
share

Ионака жените одмна викаат - НЕ МИ ГО ДИГА.,.. е па драги припаднички на женскиот пол, ете, конечно и за вас. произведена и официјално пуштена и најглавно - одобрена - е она што на светот му требаше - женска вијагра со име АДУИ

У мое време тоа се викаше шпанска мушичка и имаше многу митови за неа. Сепак оваа ќе оди само на рецепт, ќе се преепишува само на жени кои се во години и пред менопауза кај кои најчесто има драстично намалување на сексуалната желба

Дека ќе има допрва злоупотреби од нарајцани мажајаци, во тоа воопшто не се сомневам но тоа ќе биде многу опасно и женската вијагра не се зема час пред секс туку се пие подолг период.

„Адуи“ ќе содржи предупредување дека во комбинација со алкохол, апчето може да предизвика низок крвен притисок и напади. Тоа, исто така, не може да се користи заедно со други, често препишувани лекови. Апчето е првенствено наменето за жени на возраст пред менопауза, кои имаат пад на сексуалната желба, наведува ДПА.

– Тоа не е апче што се пие еден час пред секс. Треба да се пие секој ден во период од недели и месеци, за да се почувствува ефектот, изјави Лионор Тифер, психолог и организатор на петицијата против „Адуи“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани