На јасно сме „кај дупи господин Виќо“ кого неговите газди, оние што го скопеле, го задолжиле глумејќи ЕУ-дипломат да воспостави хармонија во медиумскиот простор пред изборите. Тоа значи да нn4; направи сите свирчиња како оние дувачите од сорос&усаид бендот. Демек шупливиов балтички орев наредбодавно барал од своите гости да ги тргнат од етерот Драган Павловиќ-Латас и Миленко Неделковски, со скриена порака воспитно (деморализаторски) да дејствуваат и на другите потенцијални непослушници
Системот за рано предупредување, историјата, чија прецизност ја увиде конечно дури и Никола Груевски, кој е жртва на комбинирани сеизмички удари од моментот кога за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го избраа заедно Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски (според нивни јавно дадени изјави), бележи во Македонија зачестени субверзивни вибрирања на теренот. Во практика, која ја следиме последниве 25 години и со развиено шесто сетило, можеме да предупредиме дека на 24 април македонскиот народ ќе игра дерби со криминогениот терористичко-неоколонијален западноатлантски комплот што е инсталиран на Балканот. Да се биде или не, за нас веќе не е шекспировска поетска дилема, туку свесен и одговорен избор. За евентуална погрешна одлука и процена, овој пат нема поправен ни пред историјата ни пред потомството.
Ситуацијата на теренот пред да почне натпреварот му е позната секому. Подготовките се во тек. Картите веќе се печатат, иако никој не знае кој и како ќе ги продава, односно дели. Единствено е јасно дека со ДИК ќе маневрира Џес Бејли, во зависност од одѕивот и процените за теренското расположение. Во врска со оваа театарска подготовка како сликовита асоцијација си го материјализирам сведоштвото на поствоената генерација глумци од МНТ што кажуваа за демократската практика на режисерот Иван Ќостаров, кој на проби доаѓал со пиштол што не бил во футрола туку на маса, при рака, како симбол со употребна вредност и значајна драматуршка порака дека ако во сценографијата видите закачена пушка, дефинитивно во четвртиот чин режисерот намислил таа да пукне.
Во рамките на системот за рано предвидување јас сега ќе ви го распостелам сценариото за дерби-натпреварот што нn4; чека, а вие внимателно следете ги информациите, времето кога се пуштаат, изворот на информацијата, медиумот што ја пушта во оптек, нејзиниот третман, односно пласман, политичките, институционалните и експертските реакции. Дури потоа донесете сопствени заклучоци.
Режисерот кај Кале до денот Д ќе сака да го стави под своја контрола теренот, односно гласачите. Дури сега во Македонија ќе почне тешка пропагандна војна. Главна цел ќе биде урнисување на авторитетот на Никола Груевски и на Сашо Мијалков како партиски столбови. За таа работа се најмени специјалката Ката и нејзините помагатели. Во приправност е ставена пропагандната платеничка бригада, медиумскиот ИСИЛ. Владата ќе биде циркус со ветоминистрите. Но она што е најинтригантно е тајното оружје што треба да пукне непосредно пред молкот, а тоа се резултатите од анкетите. Оваа тајна операција почна уште по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април, на двојните избори чии резултати не ги призна СДСМ. Волшебно, одеднаш анкетите на американските агенции, кои овде ги земаат како објективни, почнаа да го спуштаат рејтингот на Груевски, без објаснување на „експертите“. По четири или пет последователни анкети појавата е забетонирана, па сега иако е неприкосновен на врвот, Груевски има рејтинг под оној на партијата му, што со години не беше случај. Колку и да распрашувам, експертиве бегаат од јасен одговор и не покажуваат професионална љубопитност за „феноменот“. Но јас педантно ја забележав истата операција во случајот на соборувањето на Герхард Шредер и устоличувањето на Ангела Меркел: прво преку медиумите (и во Германија биле под американска контрола, сега сведочат германските новинари на кои им пукна филмот) прогласија политичка криза, следуваа изнудени предвремени избори заради перманентни анкетирања, кои систематски покажуваа пад на популарноста на Шредер, што ја вознемири и расколеба неговата партија. Иако на теренот (гласачите) ситуацијата беше поинаква, што се покажа на денот на изборите, каде што фаворизираната и логистички помогната американска штитеничка Меркел победи со едно место плус за сметка на „лузерот“, сепак сценариото успеа. Така никна ГМО-коалициската лево-десна влада.
Препорачувам редовно следење на анкетите на ИРИ и слични организации и нивно декриптирање за да се неутрализира ефектот на пропагандата. Оти целта е нерешен резултат за конституирање на четириглава поглавичка марионетска влада. И крај на Република Македонија. Како анекс на моето предвидување речиси како сосема сигурен го сметам „разумниот“ компромис што ќе го понуди групата на Џес Бејли до двете македонски партии, а тоа е Заев да биде заменет со некој поугледен челник, а за компензација вмровците да го жртвуваат Никола Груевски. Сn4; во интерес на пеглање на разликите во рејтинзите.
Затоа ќе o7; се навртам на „тајната“ вечера на Аиво Орав во две продолженија со газдите и главните уредници на приватните македонски телевизии минатата недела. Се разбира, ниту вечерата а уште помалку причината за настанот за ниту еден новинар и евроатлантски лобист не е таинствена уште од првата минута. На јасно сме „кај дупи господин Виќо“ кого неговите газди, оние што го скопеле, го задолжиле глумејќи ЕУ-дипломат да воспостави хармонија во медиумскиот простор пред изборите. Тоа значи да нn4; направи сите свирчиња како оние дувачите од сорос&усаид бендот. Демек шупливиов балтички орев наредбодавно барал од своите гости да ги тргнат од етерот Драган Павловиќ-Латас и Миленко Неделковски со скриена порака воспитно (деморализаторски) да дејствуваат и на другите потенцијални непослушници. Дечкиве не беа експлицитно преговарани на белата капитулантска маса во „Пржино“, ама очигледно во шаблонот за моделчето како таен внатрешен џеб биле предвидени. Сега чиракот на кројачот само ги предочил како подготвителна фаза за дербито. Кратко и јасно и за да нема забуни: газдите на Сител и на Канал 5 одбиле со индигнација ваква перверзија. Главните уредници веројатно по традиција молчеле и таму и пред јавноста. Форумот за медиумите што уследил, новинарите уредно го покрија со информација. А таа, информацијата, смрди од лицемерство, лакировка и шаблонизирани фрази. Заклучокот ви е пред очи: Орав си ја заработи дневницата за пред Брисел и Вашингтон, а македонското новинарство молкум си истрпи уште едно понижување поради практиката секоја странска шуша и дилеја да го множи со нула. Вакви безобразлуци во светот завршуваат како топ интернационална вест и блам за диктаторот. Само треба храброст, а не страв од евроатлантски насилници.
Ова што се обидува да го направи Аиво Орав не е никаква новина ниту вест. Новина ќе биде ако токму нападнатите електронски медиуми не успеат да го одбранат Зоран Трајчевски, кој не им е по волја на евроатлантските предатори. А не е зашто преку него како стратегиски важна се брани последната кота на македонската медиумска слобода. Газдите на Орав сакаат со инсталација на свој платеник да ги уценуваат националните телевизии со одземање на лиценците, односно со забрана за работа до мигот кога Македонија ќе биде принудена гангстерски да го смени името на државата и на народот. Ова е евроатлантска практика во Македонија. И во 2001 и во 2002 и во 2004 година и последователно од 2008-та наваму. Истиот планер и организатор четири години со ист пропаганден шаблон војува во Сирија, а десет години се обидува да ја кутне Венецуела.
По истата таа матрица, на слични вечеринки со медиумски угледници, тема за ќаскање и склобучкање беше Латас. Со или без негово присуство. Едно такво срамно барање во меѓупартиски преговори му беше испорачано на Љубисав Иванов-Ѕинго од Јани Макрадули, а „Дневник“ на белиот шлем (платеник) на Сорос и УСАИД, пропагандист и љубител на неоколонијалните војни, Бранко Геровски, без срам и со отсуство на трошка принципиелност, ултиматумот на СДСМ го објави на насловна страница. За потоа во манир на партиска дропија и дувачки пропаганден инструмент од страниците на тој „Дневник“ на Латас и мене да ни порача дека за нас веќе нема место на македонската медиумска сцена зашто таквите како него ја зазеле комплетно.
Но, како што гледате, на пропагандниот дувачки оркестар, иако компактен и добро подмачкан, никако да му тргне. До толку што, ете, „дипломати“ како Орав мора да фаќаат врски за неколкумина од нас да нn4; снема. Боже мили, колку ли се слаби на теренот кога крај окупација на ДИК, крај отстранување од владата на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, неутрализирање на одбраната на државата, загрозување на нејзината безбедност, активирање платеници како Питер Фејт им треба елиминација на Латас и Миленко? При што Неделковски се најде и на потерницата на ОБСЕ, која овде дејствува како традиционален јатак на терористите (во 2001-та ги хранеше и им дотураше оружје на учките во Липково и заедно со НАТО ги извлекуваше од Арачиново), а сега за малку ќе ги спасуваше исиловците од Бонд стил учипени во Дива населба.
Ако ве интересира кој ќе победи, обложете се дека ние неколкумина веќе сме победиле со 10:0, а со купени судии и егзибиција на дувачкиот Соросов оркестар, победникот на дербито, македонскиот народен избор ќе биде прогласен со службен резултат 3:0.
Автор: Мирка Велиновска