Намесниците, странски амбасадори во Македонија, си имаат своја хиерархија. Па така, Аиво Орав е шутот, Чарлс Гарет е консиљере, додека капо ди тути капи е Џес Бејли.
САД во Македнија како амбасадор испратија превејан оперативец на ЦИА. Човек што успеа да го дестабилизира дури и режимот на неприкосновениот Ердоган. После млакиот и неспсобен Пол Волерс, Бејли ги подвитка ракавите, ги разбуди чиновниците во амбасадата предводени од Митко Бурчевски и почна да го ора теренот. Целта му е да ја разнебити структурата што е избрана од народот во последните 10 години, а со самото тоа да ја урне државата и да го клекне населението на колена.
На располагање ги има сите оружја: многу пари, домашни предавници, странски асоцијации, оценки од НАТО и ЕУ, околни држави членки на евроатлантските асоцијации, Светска банка, ММФ… И, да не заборавиме, ги има ДУИ и ДПА.
Едно нешто нема, и тоа во овој текст сакам да му го објаснам, Да не си живее во заблуда.
Неговата татковина во серија загуби половина дузина големи војни по завршетокот на Втората светска војна. Кореа, Виетнам, Куба, Ирак, Авганистан и сега како најочебиен егземплар – Сирија.
На далечниот исток во 50-тите и 60-тите САД се истовари со трупи кои броеа многу илјадна војска (536.000 само за Виетнамската авантура), ама не доволна во однос на бројто на мотивираните жолти и косооки домородци.
Во Куба во Заливот на свињите испрати кубанци тренирани од ЦИА , кои беа утепани или заробени како свињи во калта. Ирак и Авганистан ги завладеа солдатеската на САД и НАТО, ама се повлече заради секојдневните загуби на човечките животи на нивините војници на теренот.
После огромните загуби во Кореа и Виетнам имаше подолгорочно отсуство на “Бутс он д Граунд“ стратегијата на армијата на САД. Откако се испробаа во малите и небитни Гренади, Панами и слични, си помислија дека повторно можат да ја активираат војската на теренот. За разлика од војните во Виетнам и Кореа, кога младите американци одеа да се пријават или беа регрутирани за мобилизација, во случаите со Ирак и Авганистан војската на САД беше платеничка. Црнци, латино типови излезени од најсиромашните социјални категории во САД, кои за добра плата ризикуваат живот или трајно осакатување. Таква војска, која не се бори за одбрана на сопствена територија, које не е мотивирана од патриотизам, кој е на теренот само заради пари со години се криеше во кампови, оклопни возила, заштитни елеци… Пристојно не можеа да се одвезат ниту до аеродром, ниту до центар на град. Како “ослободители“, беа заробени во своите блиндирани Хамери. Многу јако, нема што.
На американската јавност дури и погибијата на платената САД солдатеска во Ирак и Авганистан и дојде преку глава. Лагите на Клинтон, Пауел, Рајс, а подоцна и гарнитурата на Обама, не можеа да го мотивираат норомалниот американец. Америка побара војниците да се повлечат и САД никогаш повеќе да нема “Бутс он д Граунд“ во било која вукојебина од светот.
Администрацијата во Вашингтон мораше да ја подвие опашката и да бара друга стратегија за инвазија на суверени држави и рушење на легитимно избрани власти и влади низ светот.
И така, САД дојде до Сирија. Сака да го сруши Асад, сака да ја окупира територијата, ама не смее да има “Бутс он д Граунд“. Оваа мишон импасибл, стратезите од Пентагон и Стејт департментот, засилени со оние од ЦИА, испланираа да ја решиат со помош на “модерејт“ бунтовниците официјално. А неофицијално со тренирање и наоружување на терористите и касапите на ИСИЛ. Го бомбардираа Асад, ја вклучија Турција па дури и Израел, донесоа палтеници од цел свет (дури и од скопски Чаир) – но, на крајот повторно беа поразени. Едноставно, чии се овците негова е планината. Без армија на теренот, без луѓе во градови, села, институции – не може да се владее теренот. Само бомбардирање не помага. Мора да се слета на таа територија.
Џес Бејли, главниот лик во оваа раноутринска колумна, во Македонија го има истиот проблем што го имаат Обама и Кери во Сирија?! Нема “Бутс он д Граунд“. Само со бомбардирање ќе нанесе огромна штета, ама територијата нема да може да ја окупира.
Бејли бомбардира со петардите на Заев, со договорот од Пржино, со насоките на Прибе, со парите на УСАид и Сорос, со домашните платеници Ризаов, Орданоски, Героски, Кабранов, Јовановски, Кировски, Фрчкоски, Тричковски, Најчевска… Бомбардира од височина, прави штета на теренот, ама истиот тој терен не може да го завладее!!!
Основниот проблем на Џес Бејли е што нема и не може да има “Бутс он д Граунд“. А ако нема народ, неможе да се поседува територија. Таа проста воена и стратешка логика ги руши сите концепции на стратезите од тврдината на Кале. Ниту со студентите, ниту со најразлични социјални случаи, ниту со било кој друг напумпан инцидент американците не успеваат да мотивираат (да потплатат) доволно “народ“ за да ја преземе власта од НАРОДОТ.
Плановите на Бејли не му се остваруваат од оваа толку проста причина, што овој искусен циаш го доведувало до лудило, сведочат мои извори од кабинетот на амбасадорот.
Спротивно од неговата желба и план, на терен единствената (во овој момент) патриотска, домољубива и македонска партија ВМРО, како и огромен дел од граѓаните што немаат врска со ВМРО ама се загрижени за својата татковина, нација и име – експлицитно застануваат против окупаторот што бомбардира и разнебитува. Така, Бејли не може и нема да може да го владее теренот. 24Вести, Телма, Алсат, 21 и уште сто вештачки медиумски творби да се креираат нема да може да ја променат ситуацијата на теренот.
САД, исто како и секаде во светот, така и во Македонија применува стратегија “Ние сме најсилни“. И, бидејки се најсилни на сила ќе притискаат колку што сакаат. Тие се најсилни на светот, тоа е точно. Но, не може да се посилни од бројот на жителите на одделни држави и од нивната волја.
Џес Бејли оди против волјата на МАКЕДОНСКИОТ народ, а нема друг “народ“ за да има “Бутс он д Граунд“. Тоа е неговиот пораз у најава а нашата победа во април.
Додека Бејли упорно и неуспешно пробува Коза Ностра да ја направи Антивести, додека пробува Заев да го направи да личи дека е умен, додека пробува Орданоски да го претстави како интелектуалец а Фрчкоски како визионер – во исто време комитетите (од Централниот и Извршниот до месните) на ВМРО работат под полна пареа. “Обртаите“ на машината се како на болидите на Формула 1. Активностите се секојминутни, на секој сантиметар од државата.
ВМРО има “Бутс он д Граунд“ – СДСМ и Бејли немаат. Тоа е основната разлика меѓу овие два субјекта.
Тоа ќе е причината на големиот пораз што Бејли ќе го доживее од Груевски во април догодина. Ќе биде поразен и вратен назад во САД како уште еден неуспешен амбасадор на САД во Македонија.
Па така недраг мој Џес, овие твои “модерејт“ терористи (предавници) во Македонија, без разлика на сите твои бомбардери и бомбардирања, нема да ти ја донесат победата што ја поскауваш.
Сори.