Дечково е закон! - Интервју на Груевски за грчки медиум - То Вима - Постоењето на македонската нација и држава е реалност
  Објавено на
share

Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Во смисла во која ние во нашата држава ја разбираме, тоа е едноставно реалност.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервју за тиражниот грчки весник То Вима.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски даде интервју за еден од најтиражните и највлијателните грчки весници „То Вима“ во кое одговара на повеќе актуелни прашања.

http://www.tovima.gr/politics/article/?aid=774669

Постојат обвинувања дека вашата влада ја злоупотребила власта, дека не се почитувало владеењето на правото, дека била потисната слободата на медиумите. Ова наметна да се склучи договор со посредништво на ЕУ, како и нови избори во април. Како одговарате на оваа критика?

Прецизно ги нарековте „обвинувања“ и „критики“. Партијата која што ја водам девет години по ред ја добива поддршката од народот. Поддршката ја добиваме благодарение на прецизната програма која што ја нудиме на секои избори, како и заради довербата која произлегува од отчетот во работењето, односно проектите кои што сме ги ветиле и реализирале. Од опозицијата не сме виделе ниту програма, ниту проекти. Од нив единствено се продуцираат манипулации, фабрикувани афери и обвинувања. Помалку важно е како јас лично ќе одговорам на нив. Поважно е како граѓаните ќе одговорат. Во текот на изминативе девет години, Република Македонија континуирано граби напред. Добивме шест препораки за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.Ги исполнивме сите критериуми за влез во НАТО.Станавме 12-та најдобра дестинација за бизнис во светот, а 6-та во Европа според извештајот на Светската Банка„Дуинг бизнис“. Според државниот долг, Македонија е на 4-то место во Европa како најмалку задолжена земја. Доколку не беше блокадата од Грција, ние во 2008 година ќе ја примевме поканата, а до 2009 година ќе станевме членка на НАТО. Во 2010 година ќе ги почневме преговорите за полноправно членство во ЕУ, кои ќе беа завршени и ќе бевме член на ЕУ. Луѓето знаат дека не реформите, туку блокадата од Грција го одложи нашето членство во ЕУ и НАТО. Ние континуирано правиме крупни реформи во сите области, во економијата, во образованието, во земјоделието, администрацијата, правниот и судскиот систем.Зарем се ова ќе беше можно доколку немаше владеење на правото? Зарем ќе имавме целосна контрола на опозицијата врз невладиниот сектор доколку барем дел од нејзините критики беа точни? Зарем ќе имавме толкав критицизам во медиумите доколку немаше слобода на говор? Република Македонија беше втурната во една длабока криза благодарение на деструктивната политика на СДСМ. Од тој аспект, добро е што дојде до политички договор меѓу партиите. Но, најважно е истиот да биде до крај реализиран со парламентарните избори на 24. април. Со нив ќе се стави крај на кризата и земјата ќе продолжи со реформите.

Дали сте оптимист дека ќе победите?

Оптимист е благ термин. Јас сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја добие довербата од граѓаните. Во моментов ја подготвуваме најобемната изборна програма досега. Ќе понуди проекти за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ужива огромна поддршка, која е можно да ја најавува и најголемата изборна победа досега. Народот масовно стои зад политиката која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ.. Македонија не е иста како пред десет години. Тогаш бевме на 106то место на листата на Транспаренси интернешнел. Сега сме на 66то во однос на индексот на перцепција на корупција. Станавме земја со најниски даноци. Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја реформира земјата и после изборите Република Македонија со уште побрзо темпо ќе тргне напред.

Дали би кажале дека со новата коалициска влада во Грција, решението за прашањето за името би било полесно? Дали сметате дека неодамнешните Мерки за градење на довербата се вистински потег?

Не би сакал да ги коментирам внатрешните политички односи во Грција. Наша одговорност е да изградиме подобри и поблиски односи со грчките власти. Наш став е дека прашањето за името е апсурден спор кој за жал ги блокира нашите напори за интегрирање во евроатлантските структури и длабоко задира во идентитетот на нашиот народ. Ние сме сериозно заинтересирани за надминување на сегашната состојба, но не по цена на загрозување на нашиот идентитет. Прашањето околу проблемот кој Република Грција го има со нашето име е дел од секоја наша програма. Граѓаните се изјаснуваат на оваа тема и ни даваат мандат за да разговараме за решение кое нема да задира во нашиот идентитет, и нашиот устав. Оттаму за нас е поважно да се концентрираме на барање решение за проблемот, отколку да размислуваме дали би било полесно да се разговара со Сириза или некоја друга партија. Во таа насока ги гледаме и мерките за градење на доверба. Очекувам тие да не останат само на хартија, туку да се имплементираат
Дали постоеше некој момент додека бевте Премиер кога двете земји се најдоа блиску до постигнување на договор?

Моментот кога беше ставено вето на нашиот прием во НАТО сигурно не е тој момент…Тоа дефакто сn4; уште е на сила и значително придонесе кон нарушување на билатералните односи. Сn4; што беше пред и после оваа одлука на Грција, беа моменти на приближување на ставовите на двете земји, нешто што сn4; уште е недоволно. Моментите кога имавме, освен разговори преку ООН, и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји, исто така даваа надеж. За несреќа, финансиската криза во Грција и севкупниот нестабилен политички амбиент, често во рана фаза ги прекинуваа таквите моментуми.

Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нn4; приближуваат. Верувањето дека со сила или со уцена ќе се наметне нов идентитет на македонскиот народ, е погрешна теза. Таквата позиција ги зацврсти идентитетските одредници на македонскиот народ, затоа што таквиот однос и реализацијата на сето тоа, само предизвикаа претпазливост кај секој еден Македонец. Тие создадоа рефлекси од опасноста да се остане безимен и без она што ние мислиме дека е наш идентитет.

Верувањето дека ние сме закана за Грција е целосно неточно. Која закана ја видовте од нас во последните 25 години?

Всаденото уверување дека постои забуна на географските поими како што се Република Македонија и вашите региони источна, централна и западна Македонија се исто неточни. Има многу примери во Европа кои го докажуваат спротивното. На пример во Белгија има регион Луксембург. Но отидовме во многу детали…
Дали сте подготвени да ни опишете кои се вашите црвени линии во преговорите со Грција?

Нашите црвени линии како политичка партија се јасни. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура. Неприфатлива е каква било промена на уставот со која се менува уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари или поединци, влада или парламент без референдум. Ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот и да останеме силно посветени на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓаме и политички и културно и економски. Ние сакаме решение за проблемот не само заради членството во НАТО и ЕУ, туку и заради нормализирање на односите со Грција. Надвор од овој проблем, постојат многу заеднички предизвици кои ако заеднички ги решаваме, ќе биде подобро и за двете држави и народи, и за целиот регион. Но сепак, решението не може да биде еднострана желба на една од двете држави, туку компромис кој не загрозува ничии интереси. Не постои решение издејствувано со сила, закана или уцена кое може да е одржливо. Земете ја на пример привремената референца за името од Времената спогодба од 1995 година. Тогаш народот не беше прашан. Секој во Македонија ја отфрла таа референца.При тоа, народот е уште поподготвен да се бори за сопственото име и идентитет. Таа е навредлива за македонските граѓани и така ќе остане засекогаш.
Некои инсистираат дека вашите црвени линии се поврзани со 20.век. Како одговарате, имајќи ја предвид позицијата на одредени соседни држави, како Бугарија и Србија?

Свесни сме за лагодноста на позицијата од дистанца да се коментираат тешкотиите на некој кој е надвор од евро-атлантските институции и чии натамошни интеграции се блокирани преку непринципиелно условување кое задира во неговиот идентитет. Доколку некому ваквата позиција му изгледа ретроградна, јас навистина жалам за тоа, но тоа се проблемите со кои ние секојдневно се соочуваме. И во 21. век се соочуваме со проблематизирање на нашето име и идентитет и блокада на нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО. Кажете некој друг пример за ваков проблем? Знам дека тоа не доликува на проблемите со кои треба да се занимаваме во 21 век. Затоа треба сите да го вложиме сопствениот максимум и да најдеме решение кое ќе доликува на времето во кое живееме. Практично нема земја на Балканот која нема некое отворено прашање со соседите: Словенија со Хрватска, Србија со Хрватска, Грација со Албанија или Турција. И ние имаме отворени прашања со дел од соседите и се обидуваме да ги решиме. Такви прашања имаме и со Бугарија и со Србија, но тие засега не се ниту блиску до проблемот кој го имаме со Грција.

Многу инсистирате на идентитетот и на јазикот. Дали сметате дека ова е доволно за да се создаде нација и држава?

Ние инсистираме на сn4; она што се чувствуваме и што се нарекуваме. Името на нашата држава, на нашата нација, на нашиот јазик. Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Во смисла во која ние во нашата држава ја разбираме, тоа е едноставно реалност, без разлика што мисли Никола Груевски за тоа, така едноставно се чувствуваат граѓаните на нашата држава, и тоа не е ништо страшно ниту пак некој треба да се чувствува загрозен. Никој никогаш со никаков декрет не успеал да укине нечиј идентитет. Станува збор за внатрешно чувство, а вие со лист хартија никому не може да му наложите како да се чувствува. Тукa не станува збор за некакво креирање на македонска нација или држава. Напротив. Тие се реалност. Најчувствителниот момент во разговорите за името е прифаќањето на реалноста и волјата за соработка и градење на добрососедските односи. Доколку се прифати реалноста дека Република Македонија постои и ќе продолжи да постои, доколку се прифати реалноста дека Република Македонија се огради и јасно во својот устав зацрта, и со бројни гестови потврдуваше дека нема какви било територијални претензии кон соседите и дека не бараме никаков ексклузивитет на употреба на името Македонија, тогаш може да се дојде до решение. Доколку на тоа се додаде добра волја да му се помогне на соседот, тогаш не постои никаква пречка нашите две земји да бидат идеален пример на соработка на Балканот.

Атина верува дека не сте подготвени да се откажете од иредентистичките претензии спрема Грција?

Република Македонија нема никакви претензии кон соседите. Ова тврдење можам да го потпишам со две раце. Иднината е во соработката меѓу земјите. Минатото не можеме да го менуваме, но можеме да влијаеме врз иднината. Ова може да го очекуваме преку искрена соработка и меѓусебно помагање. Грција во Македонија може да има голем пријател. Не верувам дека некој во Грција сериозно верува во некакви стравови од иредентизмот на Македонија. Грција е земја со исклучително богата култура и од големо значење за светот, не само за регионот.  Тврдењата дека Грција која е поголема и помоќна, стравува од Република Македонија, се неубедливи. Но еве, да претпоставиме и дека е така… јас сум подготвен да потпишам дека Република Македонија ќе ги понуди сите гаранции кои би биле побарани дека немаме никакви територијални аспирации

Што се однесува до бегалската криза, границите помеѓу нашите земји станаа „жешки точки’. Дали може соработката помеѓу Атина и Скопје да биде поблиска?

Ова е само едно од прашањата кои покажуваат дека има простор за подобрување на билатералната соработка. Република Македонија се најде во една многу тешка ситуација. Република Македонија е надвор од евро-атлантските структури. Со оглед на тоа што не сме членка на ЕУ, ниту дел од Шенгенскиот договор, ние ги немаме ниту ресурсите кои на останатите земји членки им стојат на располагање во вакви ситуации. Од друга страна се соочивме со огромен притисок на јужната граница, со тоа што илегални мигранти на нашата територија влегуваа од територија која е дел од ЕУ. Проблемот стана уште покомплексен, со тоа што од нас се бараше да ги штитиме земјите членки на ЕУ кои се крајна дестинација на илегалните мигранти. Токму оваа тема покажа дека далеку полесно ќе се справевме со проблемот, доколку и Република Македонија беше земја-членка на ЕУ. Вака, требаше сами да се штитиме себе си, но и да внимаваме на почитување на сите меѓународни конвенции за човековите права. Ние во повеќе наврати алармиравме дека располагаме со лимитирани капацитети. Беше сосема јасно дека ќе дојде моментот кога ќе треба да се воспостави поцврста контрола на границата. Јас сум свесен дека ниту Македонија сама, ниту Грција сама не може да го решат проблемот. Проблемот е глобален и мора да му се пристапи глобално. Ве уверувам дека заеднички можеме многу повеќе да сториме, низ соработка, транспарентно, без стравувања, заеднички.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани