ТОЈ И МЕДВЕДЕВ РЕШАВААТ ЗА СÈ“ Горбачов првпат јавно прозборе за Путин и кажа прилично мрачни работи: Се срамам од него
  Објавено на
share
ТОЈ И МЕДВЕДЕВ РЕШАВААТ ЗА СÈ“

Михаил Горбачов првпат јавно прозборе за Владимир Путин, во интервју што неодамна го даде за руското Радио Свобода. Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз ги критикуваше и Путин и премиерот Дмитриј Медведев.

Михаил Горбачов отворено изјави дека се срами од обајцата и истакна дека Путин владее самоволно, со помош на мрачни фракции прекалени во корупција. Тој кажа и дека изборите во Русија не се слободни и дека доминацијата на безбедносните служби во државата е недозволива.

Горбачов има висока репутација на Западот, бидејќи го овозможи мирното распаѓање на Советскиот Сојуз, но во Русија и не е многу популарен. Во интервјуто за Радио Свобода тој првпат отворено и јавно го критикува Владимир Путин.

Тој рече дека Путин владее со земјата преку своите пријатели, луѓето со кои играл фудбал на улица.

„Овој стил на односи за мене е неприфатлив“, рече Горбачов и додаде дека Путин го предал народот кога државниот имот под изговор за реформи им го поделил на подобните луѓе и уште повеќе ја зајакнал корупцијата. Тој додаде дека авторитарните режими и диктатури се враќаат во целиот свет и дека Русија не е исклучок.

„Слабите руски институции овозможуваат самоволно однесување и злоупотреба.“

Тој тврди дека Путин и Медведев владеат со страв.

„Тие двајца имаат поинакво искуство, искуство на самоволно владеење. Владеење со страв“, вели Горбачов цитирајќи го рускиот офицер од безбедносните служби Виктор Черкесов, кој рече дека сегашниот систем е од чекистички тип, алудирајќи на Лениновата чека, тајна полиција и претходник на КГБ.

„Јас и самиот речиси завршив во КГБ. Ме повикаа по студиите“, рече Горбачов.

На прашањето дали одговорил на повикот, тој вели:

„Не е работата во тоа. Владеењето на безбедносните структури, нивното прекумерно влијание врз донесувањето на одлуките за политичките прашања и мешањето во животите на луѓето се неприфатливи, ги преминуваат сите граници.“

Горбачов е убеден дека на Русија o7; треба нов изборен систем, кој на народот ќе му го гарантира правото сам да ја избере својата влада.

„Го отфрлам системот во кој двајца луѓе одлучуваат за сè“, рече тој, „Се срамам поради нив. Тие се однесуваат недолично. Како да не постои општество, како да не постои устав, изборен систем. Сè одлучуваат сами. Тоа е дуумвират. А каде сме ние другите 140 милиони? Мене не ми се допаѓа тоа, но тие двајца мислат дека се спасители на татковината“, рече Горбачов.

Тој тврди дека руските избори од 1990 година се помалку слободни отколку во советско време.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани