Колумна на Ацо Станковски: Шатро револуција
  Објавено на
share

 

И покрај сите оние идиотски напори, карактеристични за најупорните, но и за оние со вџашувачки низок коефициент на интелигенција – „т’п, ама упорит“ – карактер, кој во бугарската народна традиција на усната пропаганда („Mundpropaganda“ – што би рекле Германците) е препознаен како безнадежно глупав, но и агресивен тип на човек, личност непопустлива и опсесивна, индивидуа, која нема никакви капацитети за позициите кои ги посакала и работите кои би ги правела, значи, од токму вакви „топуци“ е составена таканаречената, како ли беше она – Шатор револуција, па Чадор револуција, па Кодош револуција, па Шарена револуција, па Вртелешка револуција, па Куртон-полн-со-боја револуција, па Платена револуција, па Револуцијата на ЦИА, па Суруш револуција (суруш – Сорос), па Јади-гомна револуција, па Ревоулицја-на-неспособните-за револуција, со еден опфатен и коцизен збор – Шатро–револуција.

Зборот „шатро“ содржи сn4; во себеси, ако го гледате во контекстот на политичко-општествените афери, кои се движат на теренот како на филмска лента.

Всушност, овој филм наликува на некаква гротескна комедија, во која ликовите се безмалку одвратни.

Сигурно некои од вас се сеќаваат на брилијантниот италијански режисер, кој го беше снимил еден од најгенијалните европски филмови на своето време, филмско ремек-дело, кое денес е дел од антологијата на синеастичката уметност на својата епоха. Тој режисер е Еторе Скола, а неговиот филм има наслов „Brutti, sporchi e cattivi“, или во превод на македонски – грди, гнасни и злобни. Таму, во таа брилијантна актерска екипа, брилираше италијанската филмска ѕвезда на седумдесеттите и осумдесеттите од минатиот век – Нино Манфреди.

И токму овој наслов на филмот на Скола би бил одличен опис на Шатро револуцијата на „Комуњарец“, Агенцијата за платеници и кодоши – „Суруш“ и сите пуплински лилјаци – парадери на веќе фамозниот „чадор“, воедно сценарист, режисер, а понекогаш и се појавува во одредени опскурни ситуации, како што тоа го правеше генијалниот Алфред Хичкок во епизодни ролји како актер – енигма.

Но, за нас „чадорот“ е жива чатарушка, една болна фигура, која чека на последното такси, со кое ќе биде пренесена во својот завод за губитници и тешки говеда.

Што велат Србите – „Туп, глуп и неспособан за даље школовање.“ А Стејт департментот не простува. Треба само онаа несреќна марионетка од претседател – исончаниот хипокрит, творецот на ИСИЛ (барем така вели Доналд Трамп) и добитникот на Нобеловата награда за мир (каков апсурд), да биде шутнат на буништето на историјата.

А тука шатро–револуционерите почнаа да си играат со боја. И тоа е еден значаен напредок. До пред пола година си играа со гомна, кога заседнаа на „Илинденска“ со своите шатри – како Турците пред Виена, а од просторот направија еден гигантски ќенеф.

Гнасотијата силно ги привлекува овие шатро-револуционери, довлечкани за грст денари и понекое евро од ударните структури на вечно незадоволниот – кога не е на власт – „Комуњарец“ – последната ендемска партија на патетични тоталитаристи, кои во целото свое губитништво само што не влегле во партизански филм – единствен, кој го апсорбирале со своите сиромашни ментални капацитети.

Нека им е, и онака за нив нема излез од ова лудило. Така се програмирани уште од времето на маршалот Тито, Бог да го прости.

Втората групација се оние, кои за одредена надокнада во УС долари му го пушат на Суруш. Овие „сурушојади“ себеси се сметаат за интелектуална авангарда на оваа „Свињска револуција“. Ова навистина ме засмејува, познавајќи голем дел од овие опортунисти и штребери. Еден ден ќе ги видите како снисходливо аплицираат за своите тривијални проекти пред Министерството за култура, друг ден, пак, ќе ги видите маскирани со фантомки и со инквизициски кукулки, како беснеат пред таа иста институција и ја плескаат фасадата со куртони, полни со боја.

Тука, секако, се и инструкторите од Србија, од Белград, Врање и други градови, каде Срѓа (С’рѓа или со р’ѓа) има свои лукративни поданици и лигавци. Овие доаѓаат тука и им држат лекции на нашиве топуци–револуционери од „Комуњарец“ и од „Суруш“, како се дига револуција, иако и тие самите немаат поим како тоа се прави, посебно кога на теренот ги нема ЦИА и НСА, а и други меѓународни гадови од овој тип – пците на „чадорот“.

  • Звиждаљке!!! – се дерат ‘рѓосаните платеници на Срѓа, а топуците–револуционери дуваат ко’ луди.

 Ајде, пиши бре, чокалијо!!! Никад више ВМРО!!! Тако, ајде сад куртоне с’ бојом – бацај!!! – и топуциве фрлаат, демек, спојуваат корисно и убаво – ем дигаат револуција, ем го разубавуваат просторот со сликарски интервенции, ем по 70 евра од куртон, наполнет со боја, кој ќе се расплеска по некоја фасада од проектот „Скопје 2014“.

Абе, човек мрсул да не фрли на нив.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани