Објавата на ФБ на Бобан Нонковиќ која предизвика бура во јавноста
  Објавено на
share

Boban Nonkovik feeling disgusted in Brussels, Belgium.
 

Она што го најавував како "црно сценарио" за Македонија минатата недела, по неофицијален бриф во ЕУ, а во однос на откажаната лидерска средба во Виена, да знаете дека не му е пропаднато како план на "чадорот", туку само одложено!
Е сега уште еден "update" од денеска од Брисел, кој исто така е неофицијален и затоа го објавувам на ФБ, а не на МИА или на Сител. Неофицијално значи не одобрувам било-кои медиуми да го користат за објавување (се разбира, не можам ниту да спречам) и ова служи за моите ФБ-пријатели на кои однапред им напоменувам дека се што знам објавувам тука и дека нема да им одговарам на дополнителни прашања поврзани со ситуацијата (ниту тука, ниту во инбокс).
- Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија, која ја раководи Федерика Могерини ("чадорот"), заедно со американскиот Стејт департмент веќе на големо подготвуваат листа на санкции со забрана за патување во некоја ЕУ-земја и во САД на претседателот Иванов и неколкумина од листата со 56-те лица помилувани од него. Подготвуваат само таков вид на санкции, не замрзнување на имоти и сметки и друг вид на санкции по примерот на Русите и листата ќе им биде заедничка или целосно усогласена.
И не прашувајте, Заев и останатите што се под "чадорот" нема да бидат на оваа листа!
- Во исто време, по наредба на Стејт департментот, Светска банка, Европска банка за обнова и развој и ММФ ќе ги укинат сите кредитни линии за Македонија, а ќе се стопира и финансирањето преку ИПА-2 на ЕУ. Тоа за земја која не лежи на нафта или гас значи финансиски крах за неколку месеци (нема да има плати за админстрација, пензии, социјални и земјоделски трансфери, нема да може да се сервисираат долговите и слично). Замислете што ќе се случи кога безбедносните органи што сега не чуваат од бегалците и од дивите орди на Канвас/СороСДС нема да добијат со месеци плата и ќе ги напуштат позициите?!
- Протестите на Канвас/СороСДС ќе продолжат со сета жестина, како и притисокот од бегалците на јужната граница кај нелегалниот камп Идомени. Да, 70% од 52 илјади бегалци во Грција се сместени во близина на Македонија со единствена цел да се врши притисок врз Македонија и тоа ЕУ со мало-азијците во Грција го прават намерно!
- Кучињата на војната на Косово се на готовс и спремни на наредба да направат најмалку уште една операција од типот на Дива населба во Куманово. Исто така, доколку деновиве Иванов целосно не ја повлече аболицијата, тогаш ДУИ и ДПА ќе бидат активирани да објават дека нема да учествуваат на изборите на 5. јуни и со тоа ќе стават крај на можноста истите воопшто да се одржат!
- Дејствувањето од типот: "Ќе јадеме и корења ако треба, ама не им се даваме" е утопистичко, а најсвеж пример е тоа што му се случи на идејниот творец на оваа "мисла" Слободан Милошевиќ на почетокот на овој милениум и на неговата држава Србија.
- Ако деновиве се случи повлекување на аболицијата од страна на Иванов, тогаш ЕУ веднаш ќе закаже нова лидерска средба во Виена или Брисел. А тогаш... тогаш ќе започне сценариото за кое пишував минатата недела пред Виенските преговори, а ако таквите идни преговори не успејат, тогаш прво почнува реализација на операцијата "Тефлон", а потоа и украинското сценарио во Македонија (за што деновиве пишуваа Миленко и Мирка)!
Ова се пренесени информации од "стомакот на ѕверот", а не моја анализа и мислење.
До следното ...




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани