МАКЕДОНЦИТЕ ОДАТ ВО ИЛЕГАЛА ЗА ДА СЕ БОРАТ ЗА ОПСТАНОК
  Објавено на
share

МАКЕДОНЦИТЕ ОДАТ ВО ИЛЕГАЛА ЗА ДА СЕ БОРАТ ЗА ОПСТАНОК

Значи, ни дојде најновиот олеснувач, специјалниот пратеник на Ангела Меркел, инаку амбасадор во Австрија, наводно со задача да ни помогнел да излеземе од кризава. Носачот на изборна листа и попатно формален министер за надворешни работи во техничка влада креирана надвор од Уставот на РМ, а озаконета во уставното собрание, Никола Поповски, вели дека неговото доаѓање била добра порака дека не сме биле сами. Аман бре, боже златен, што е ова низ што минуваме како народ? Човеку! Министре! Во што е доброто на пораката? Kоја е пораката? Те праша ли Меркелка дали во суверена држава може некој самостојно да си испраќа специјални пратеници? Ти, ако те прашала, ~ одобри ли? Ако ~ одобри, зошто не го извести народот кому му служиш? Се консултира ли со некого и со кого? Со Груевски? Па тој не е премиер. Со Димитров? Па тој е со технички мандат поврзан со изборите. Го извести ли макар Иванов како единствена уставна извршна власт?

Сега јас вам од врвот на ВМРО-ДПМНЕ да ви го кажам тоа што вие не сакате да му го кажете на народот. Нам нема кој да ни помогне однадвор да решаваме криза зашто во Македонија нема криза, туку вторпат САД и ЕУ ни организираат хибридна војна која во 2001 ја нарекувавме фингерајка. А кризираме зашто двапати политичкото раководство го дозволува тоа со своите политики, со своите шарени и неспособни кадри и со својата лоша подготвеност да препознаваат опасности и да се подготвуваат да ги пресретнат и елиминираат. На секој можен начин.

Германецов кој ќе изигрува овде Ричард Холбрук има само една задача: да му помогне на Бејли да ги докусури Македонија и Македонците. И онака од Берлинскиот конгрес, преку Букурешт и Версај пред сто години, па со Рамковниот и пржинскиот, ние упорно одиме по зацртаната патека. Зошто? Зашто имаме такви неспособни политички водачи чии доверени мандати се претвораат во етапи против Македонија и Македонците.

Туку јас да го прашам јавно главатарот на ВМРО-ДПМНЕ кој се најде испровоциран од ,,Црпко“ Заев, па се огласи канејќи го да поднел изборни листи, да ни каже која е разликата меѓу Зорановиот бојкот на изборите што божем ги бараше и него, кој за да има избори, прифаќаше буквално с` што одговорен политичар ни во лудило не би го прифатил оти е противуставно и катастрофално и за државата и за народот кој му доверил мандат да управува во негово име? Зошто поднесува изборна листа кога нема да оди на избори оти немале благослов од евроамерикански ,,фактори“? Учествува ли и ВМРО-ДПМНЕ во фарсава глумејќи добар каубој ама во ист вестерн во кој Индијанците завршуваат во резерват, а соросоидите им ја запоседнуваат татковината. Верува ли дека вадењето со објективни околности (сила бога не молела) ќе му пројде кај било кој честит човек или пред историјата. Свесен ли е дека го турка македонскиот народ да отиде во илегала? Не сум сигурна дали кој било од денешниве политиканти со издресиран американизиран ум сфаќаат што значи тоа кога народот ќе замине во илегала.

Не очекувам вистински Груевски или кој било вмровски функционер да ми одговори. Ќе чекам, по кратко пимплање, да видам како сиот пратенички состав ќе си се врати во распуштениот законодавен дом и распишани, а неодржани избори, за со нова директива да го отвори пакетот за отстранување на последниот легитимен државен претставник – шефот на државата и врховен командант, Ѓорге Иванов. По тоа, слободно и под присмотра на ,,партнерите“ ќе можат да си ја спроведат јазичната федерализација за потоа да ја уфрлаат во Уставот и нормално, во новата преамбула и новото уставно име, како одраз на новата федерална реалност. По тоа, ајде марш у НАТО! 

Kако ќе се правдаат, пред кого ќе се правдаат и кој воопшто ќе сака да ги чуе, не е важно. Зашто за Македонците и Заев и Груевски ќе бидат едно те исто, бивши и ненародни. Оти народ што отишол во илегала зашто му е украдена државата и слободата, ќе се занимава само со последиците од катастрофален земјотрес.

Во ова преостанато време до одлуката, додека да се самоорганизираме и оспособиме за долги борби, мислам дека треба да се промени содржината на протестите со кои баравме почитување на одлуката за избори. Штом не н` есапат ни домашни ни странски политичари, да ја направиме планетарно видлива последната хибридна војна на САД и ЕУ. Важни се пропорциите на едната и другата страна која е во војна. Да се креира перцепција за непропорционалната сила употребена врз мала мирољубива и неагресивна земја. Важно е да се нагласува кој е агресорот и кој се брани. Најважно е да се изнесува која е причината за војната и против што се бориме. 

Наместо да се шетаат луѓето по улици и плоштади, протестите и масата да се насочи кон центрите кои ја ничкосуваат Македонија. Пред Амбасадите на САД и ЕУ. Пред ОБСЕ и НАТО. Пред центарот на соросоидите. Наместо паролите ,,за Македонија се работи“ од сега да ги носиме како транспаренти сите досегашни држави жртви на воена интервенција, на организирани преврати со поддршка на американските служби, на убиени во атентати легитимни државни водачи, да ги покажуваме на плоштади преку видеобимови снимките на разорените градови и села ширум светот, пљачките, ѕверствата извршени врз локалните населенија, пљачките. Да го потсетиме светот на убиените чилеански студенти, на милионите Виетнамци, Kамбоџанци, Панамци, Гватемалци, Kолумбијци, Либанци, Либијци, Алжирци, Египтјани, Нигеријци, Сомалијци, Суданци, Руанданци, Сиријци, Ирачани, Јеменци, Индијци и Македонци во империјалните колонијални и неоколонијални војни на западната вампирска цивилизација.

Да го извадиме на видело и списокот со суратите на нашите истакнати соросоидни квислинзи, петтоколонаши, политички и финансиски профитери, мафијаши, убијци и божемни новинари. Да го споделиме со човештвото нивното дело во Македонија. 

Од сега веќе да формираме жив ѕид околу Собранието на Македонија, кое е највисок дом на народната волја и да го чуваме со арачиновска тактика од упадот во него на секакви без легитимитет. Оти таму ќе им се пее опело на Македонија и на Македонците. 

Од овој миг, смешно е да се има слепа верба во политичарите и партиите. Тие калкулираат, а ние губиме с` што не прави народ со своја куќа. 

За крај, да му се обратам на Борјан Јовановски, кој сосе Насер Селмани во името на своите соросоидни фашисти ме препорачува на Јавното обвинителство за третман. 

Што ги мачиш луѓево бе, паразиту! Еве сама ќе одам да им се понудам да ме истретираат затворски. И на алтернативните ,,алфи“ на алтернативецот Спасовски ќе им се предадам за да не ги мачам да ме бараат ваму - таму. Будало една! Јас својот живот сум го испланирала одамна и знам како ќе го завршам по сопствен избор. Оти мене не ми беше татко Мето Јовановски кодошот. Мојот мене ме учеше дека животот не е само јадење и серење како што ти го живееш. Живееш с` додека постојат оние што ќе се сеќаваат на тебе. Затоа на вистинските луѓе им е поважен образот и угледот од биологијата. На тебе, серко, кој ќе се сети, освен кога ќе треба да ти плукне на името или да ти се помоча на гробот. Тоа е твоето наследство за твојот несреќен пород. Не заборавај, кога ти ќе отидеш во затвор за злосторство против народот, ќе нема еден кој ќе каже добра дума. Сега ли допрва кога часовникот ми отчукува за накај Бутел, ти ќе ме плашиш со зандана. За разлика од тебе, шкопен цвикатору, кој се криеш зад странски чадори и кој еден ден нема поминато како човек, јас се борам секогаш сама. Ти немаш човечки идентитет. Ни функционален патлак што би те направило макар навидум маж. Kако едноклеточен паразит се роди, како таков и ќе си умреш. И по мене сонцето ќе си грее, ама тебе ни до сега сонце те нема огреано оти си цел живот во гроб.

Затоа јади си, сери си, фрлај поликолорни куртони, патувај онаму каде што мислиш дека макар на кратко ќе си најдеш идентитет што го немаш од кога си се родил, шопувај, троши си ги еврата што ти ги фрлаат како на корисен идиот за да ја пополниш сопствената ништожност, глуми слободен човек, иако си роб, разбира се, додека ти даваат робосопствениците и остави ги нив да ми се закануваат. Греота се бре да им го крадеш и задоволството.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани