Вучиќ ги откажа најавените посети на ЕУ и САД
  Објавено на
share

 

Актуелниот српски премиер и мандатар за состав на новата Влада на Србија, Александар Вучиќ ги откажа најавените посети на ЕУ и САД, објави белградскиот весник „Политика“, додавајќи дека засега нема официјално образложение за причините за откажување на посетите.

Актуелниот српски премиер и мандатар за состав на новата Влада на Србија, Александар Вучиќ ги откажа најавените посети на ЕУ и САД, објави белградскиот весник „Политика“, додавајќи дека засега нема официјално образложение за причините за откажување на посетите.

 


vucik

Весникот потестува дека Вучиќ имаше закажано посета на Брисел за 21 јуни, каде требаше да има средби со официјални претставници на ЕУ, а на 23 јуни пак требаше да патува со првиот лет на „Ер Србија“ од Белград за Њујорк, каде имаше закажано разговори со американски претставници.

– Посетите на Брисел и заминувањето во САД беа одамна закажани и детално планирани, така што откажувањето на патувањето во Брисел и на средбите во Њујорк претставуваат големо изненадување и може да имаат далекусежни политички последици, наведува „Политика“.

Според весникот, Вучиќ решил да ги откаже посетите за време навикендов „по телефонски конталти со највисоки претставници на Европската унија“.

Отакажувањето на постите следи откако таблоидот „Информер“ вчера ги обвини американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот и шефот на Мисијата на ЕУ во Србија, британскиот дипломат Мајкл Девенпорт дека „се покровители на заговор против Владата и Вучиќ“.

„Информер“ ги обвини Скот и Девенпорт дека се вмешани во обиди за радикализација на протестите по повод смените во Радио-телевизија Војводина и поради уривањето на објекти во белгардската населба Савамала, каде е планирана изградбата на грандиозниот проект „Белград на вода“.

Во саботата во Белград се одржаа протести против уривањето на објектите во Савамала, на кои Вуќиќ беше обвинет за авторитарно владеење и дека наспроти ветувањеата не сака да ја внесе Србија во ЕУ.

„Белград на вода“ е заеднички проектот на Србија и компанија од Абу Даби во вредност од три милјарди долари, кој од самиот старт е поврзан со контроверзи околку неговата транспарентност.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани