СООПШТЕНИЕ НА РЕК БИТОЛА ПРОНАЈДЕН ПРЕДМЕТ ВО ПРВИОТ БЛОК, ПОВИКАНА И ПОЛИЦИЈА
  Објавено на
share

 

Денес при преземените операции за пуштање во функција на Блокот 1 во РЕК „Битола“, од комбинатот соопштија дека во Блокот бил пронајден предмет на невообичаено место. Во писменото соопштение што го испратија од РЕК до медиумите пишува дека поради ова била повикана полиција да го испита случајот.


-Блок 1 извесен временски период беше надвор од производство поради поволната хидролошка состојба. Со оглед дека привршува периодот на зголемени дотоци во акумулациите,  започнаа функционалните проби за негово приклучување на елесктро-енергетскиот систем на државата. При пуштачките операции, пронајден е предмет на локација на која тој не треба да биде, па се појави оправдано сомнение дека тој може да предизвика несакани последици при понатамошната работа на блокот. За таа цел, повикани се надлежните институции  да ја испитаат настанатата состојба- пишува во соопштението од РЕК. 

Од таму додаваат дека  се очекува првиот енергетски блок да биде оперативен веќе во утрешниот ден. Во соопштението се потенцира дека за времескиот  периодот кога    првиот  енергетски блок не беше во производство , не е увезен ниту еден киловат час електрична енергија. Електроенергетскиот систем  на државата е стабилен и сите потреби од електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи се обезбедуваат од домашно производство. (Ж.З.)




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани