Плачи*ичкарење - Мафијашки удар врз професорот Грчев: Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
  Објавено на
share


Професорот Грчев во понеделник треба да се јави во Скопското обвинителство, а најверојатно станува збор за пријава поврзана со случајот „Космос“.

 
 

Мафијата, поврзана со случајот „Космос“, за кој води истрага и Специјалното јавно обвинителство, решила да го возврати ударот. Професорот Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет во Скопје, кој вршел вештачење во овој случај, како единствен овластен вештак од областа на урбанизмот во земјава, деновиве добил известување да се јави во Основното јавно обвинителство во Скопје во својство на пријавен според Кривичниот законик.

Имено, Грчев е пријавен за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик на РМ. Овој член го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета. Најмалата запретена казна во ставот 1 од член 353 е затвор од шест месеци до три години.

- Кривичната пријава што ја добив е само едно средство од големиот дијапазон оркестрирани и од едно место диригирани средства со кои со злоупотребуваат органите на државата, се врши притисок да се затне секој глас на разумот, секој глас на знаењето и експертноста и секој глас кој што, во конкретниов случај, е искористен во полза на остварувањето на вистината и на правдата. Сега, со кривичната пријава се врши координиран напад врз СЈО во врска со случајот „ТНТ“ во кој што Архитектонскиот факултет и јас изработивме вештачење по наредба на СЈО – вели Грчев.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани