Од рано утрово трае предавањето на војниците кои учестуваа во неуспешниот државен удар во Турција. Тие o7; се предаваат на полицијата во присуство на многу народ, кој беше спречен физички да ги нападне на истанбулскиот Мост на Босфорот, каде што синоќа имаше жесток судир на војската со граѓаните кои излегоа во одбрна на земјата по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој o7; се обрати на нацијата преку интернет, преку апликацијата фејстајм во програма која се емитуваше во живо на Си-ен-ен Турк.
Во меѓувреме се предадоа и војници од Генералштабот, околу 700, кои изјавуваат дека не знаеле дека има воен преварат, туку мислеле дека се работи за воена вежба.
Војниците на овие фотографии o7; припаѓаат на организацијата Фетулахи – Паралелна државна структура (FETO/PDY)
Војниците се предаваат со соблекување на униформата.