Двојазичните табли се дел од политичкиот авантуризам на СДСМ на кој ќе се заснова нивната изборна кампања
  Објавено на
share

Двојазичните табли се дел од политичкиот авантуризам на СДСМ на кој ќе се заснова нивната изборна кампања

СДСМ одбираат да делуват политички изместено, изгубено, и дефокусирано на политичката сцена отворајќи теми што наместо да ги решаваат проблемите во државата можат дополнително да ги докомплицираа

 
sdsm-cair-640x480
 
Во отсуство на конкретни проекти и на сеопфатна економска програма со која СДСМ ќе може да се спротивстави како вистински политички конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, од таму одбираат да делуват политички изместено, изгубено, и дефокусирано на политичката сцена отворајќи теми што наместо да ги решаваат проблемите во државата можат дополнително да ги докомплицираат.
Вака дел од политичките аналитичари го коментираат последниот потег на опозициската СДСМ, за поставување на двојазична табла на албански и македонски јазик на нивниот штаб во скопската општина Чаир.
Според универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска, на вакви сензитивни теми извлечени главно од националистичкиот кампус, се повикуваат главно политичари што немаат со што друго да го привлечат вниманието на гласачите.
„Политичкиот авантуризам на лидерот на СДСМ врз кој очигледно ќе се заснова целата партиска изборна кампања започна во моментот кога Заев отворено и јавно проговори за потребата од воведување официјална двојазичност на целата територија на државата. Тој се заложи за правото на употреба на албанскиот јазик како службен јазик во сите општини во земјата, вклучително и оние со доминантно македонско население, што е секако спротивно на амандман 5 од Уставот на државата“, вели Каракамишева-Јовановска во изјава за Нет Прес.
Таа смета дека двојазичниот штаб на СДСМ е доказ оти партијата планира да се потпира на меѓуетничките прашања кои ќе бидат клучна тема во нивната кампања.
„Со секоја нова изјава на Заев, со секоја нова политичка активност на терен стануваат се појасни контурите
 
tanja-karakamiseva 
 
на новата политичка карта и новата политичка реалност што на РМ и ја стокмија Заев и неговите надворешни ментори. Веќе е јасно дека клучни теми што Заев ќе ги промовира во оваа изборна кампања ќе бидат меѓуетничките прашања небаре сме пред кампања што се води во 90-те години на минатиот век, а не во 21-ви век“, смета универзитетската професорка.
Некои од аналитичарите пак сметаат дека ваквите активности на опозицијата се за поздравување. Според аналитичарот Петар Арсовски, СДСМ на овој начин ја продолжува својата заложба за посериозен пристап кон албанските гласачи. Но сепак, тој не очекува дека на ваков начин социјалдемократите ќе ги освојат албанските гласачи.
„СДСМ веќе во својата програма и во изјавите најави дека ќе има посериозен пристап кон албанските гласови, со вклучувањето на некои позначајни личности во нивното раководство, со соопштенијата на албански јазик, а сега и со новата вест дека отвориле двојазичен штаб во Чаир, СДСМ ја продолжуваат својата заложба. Јас го поддржувам таквиот потег, но не мислам дека тоа во овој период може да донесе
 
arsovski
 
премногу гласови за нив, бидејќи во парламентарните гласови се уште доминира етничкото гласање. Мислам дека треба уште напор за да се добијат такви гласови, евентуално предизборна коалиција со албански партии. Ќе видиме што ќе донесе времето, мислам дека во оваа фаза треба да се следат тие активности и дека треба да се поздрават“, смета Арсовски.
Опозицискиот лидер Зоран Заев, повеќе пати досега во неговите интервјуа го покренуваше прашањето за употребата на албанскиот јазик на целата територија на Македонија, како и оти е уверен дека неговата партија на изборите ќе успее да освои голем број на гласови од албанското гласачко тело во земјава.
„Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи“, посочи Заев во едно од интевјуата.
 
 
Ставот за двојазичноста опозицискиот лидер го потврди и во последното интервју, во кое истакна и дека не се исклучува можност тој да ја предводи и кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица каде мнозинството се етнички Албанци.
„Секако е возможно тоа, но мојот дух е во четвртата изборна единица таму работам, важам за еден лидер во регионот. Опција е и шеста изборна единица и апсолутно немој никој да се изненади ако водат листа и во Шеста изборна единица и тоа е многу нормално и јас на тоа гледам како и на личен пример внатре во таа верба којашто се обидувам да ја споделам со сите и да ги охрабрам да веруваат сите“, истакна опозицискиот лидер во интервју за „Телма“



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани