Неблагодарност
  Објавено на
share

 

Неблагодарност

„Зашто секому што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној што нема, ќе се одземе и она што го има“ (Матеј 25, 29–30). Ајде да ја разгледаме посебно темата за видот и карактерот на луѓето што „немаат“. Еве што мислам дека ни кажува Господ за таквите луѓе – посебно во Црквата и општо. Чујте го описот на тажната реалност од која сите страдаме.

            Страстите, посебно за човечка слава, власт и пари,се тие што прават човекот, нивниот заробеник, сето она што го „има“ да го користи само за свои потреби, а воопшто да не мисли и  да не им помага на оние што немаат и што страдаат, и кои прават сè што ужива и поседува да му изгледа малку. Оној што „нема“ е всушност оној што не Му благодари на Бог за сn4;; оној што нема заедница со Него – иако тврди или изгледа дека верува во Него.

Таква е болната природа на страстите што произлегуваат од самољубието: тие постојано бараат ново и поголемо задоволување, а после секое задоволување оставаат уште поголема потреба и уште поголема празнина во душата и разумот на човекот што ги задоволува. Затоа самољубивиот и покрај амбициозноста и алчноста – никогаш нема да има, а секогаш ќе им завидува на тие што се во Бог и што затоа имаат во Бог, на Бог-атите.

Страстите, кога не се преобразуваат, може само да се потиснуваат една со друга – во зависност од ситуацијата. На пример, понекогаш стравот од човечките закони и судови на тој што „нема“ му ги потиснува амбициозноста и алчноста, а понекогаш – кога не се плаши и мисли дека е сигурен, алчноста и амбициозноста ги остварува на дело. Токму тогаш и остава најмногу гревовни траги што не остануваат незабележани.

Целиот живот на самољубивиот човек се претвора, од една страна, во параноја (сомнеж и страв) – дека некој ќе му ја одземе човечката власт и слава, и стекнатиот имот (ама не сфаќа дека Бог е тој што допушта да му се одземат), а од друга страна, ја користи секоја можност и начин да приграби уште поголема човечка власт и слава, како и поголема имотна сигурност – без оглед дали и колку луѓе ќе страдаат поради тоа. Бесчувствителноста е главен показател за растројството на неговата личност.

Проекцијата, односно препознавањето и припишувањето на своите страсти во другиот, е карактеристика на неговиот однос кон луѓето, и затоа не е способен да создаде личносен однос со ближниот свој, туку само однос заснован на интерес – што трае сn4; додека трае и самиот интерес. Нема способност да препознае дека другиот му помагал без интерес, ниту има чувство на благодарност поради тоа. Затоа и не гради вистинско пријателство со никој.

Чудна е леснотијата со која самољубивиот ги изневерува своите „пријатели“ – кога нема веќе да му бидат потребни, кога ќе западнат во неволји што и самиот него го оптоваруваат или кога ќе го надвладее сомнежот кон нив, како и леснотијата со која тој ги уништува своите „непријатели“ – кога ќе стекне над нив реална власт и можност за тоа.Таквото однесување го изместува од центарот на одлучувањето, го маргинализира или го отфрла од заедницата.

Во својата параноја и сомничавост да не изгуби нешто, таквиот не верува никому – ни на оние што во животот му помогнале, а со својата преголема амбициозност за власт го плаши и го дистанцира од себе секој нормален човек. Никој не се потпира на човек што не верува во него и што му врши притисок кон грев. И, вообичаено, на крај нема кој да го спаси од неволјата што со неговиот начин на живот секако го снаоѓа.

Оние што сn4; уште веруваат дека доброто ќе преовладее во него изнаоѓаат најразлични начини благо да му ја пренесат пораката која е, нормално, спротивна на неговите големи идеи и потреби за самиот себе, како и на неговите планови. Затоа често биваат отфрлени, па дури и сметани за непријатели. Самољубивиот човек толку се поистоветува со своите желби и замисли што ако му ги одбиеш, смета дека него го одбиваш и го мразиш.

 Но, и добронамерните не се веќе тоа ако јасно и за последен пат не му укажат каде и како греши, кога веќе ги поминува границите на нормалното – особено ако е на голема штета на целата Црква. Исто така, не се добронамерни ако не ја остават својата рака испружена и отворена за помош на таквиот, ако се покае.  

Така, Господ секому му остава знаци и време за покајание (преумување), и потоа одеднаш сè се губи, а на крајот и самото време дарувано за покајание. Господи, помилуј...!

 

Митрополит Струмички Наум

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани