РАЗЈАСНУВАЊЕ ЗА ОНИЕ КОИ ПОДЗАБОРАВИЛЕ
  Објавено на
share

Пендаровски сакаше избори уште во април, при што имаше жестока кавга со Заев (кој не го мрзи нека бара постари мои статуси). За да ја научи лекцијата привремено беше тргнат од сите јавни настапи, а потоа се појави на ТВ Телма при што ја величаше црпката светимуртинска. Стево сакаше избори и на 5-ти јуни затоа што веќе му беше јасно дека после тоа на сите (а посебно на членовите на СДСбезМ) ќе им биде јасно дека Заев сака само да спаси г'з, а партијата ќе се најде во уште поголема криза.

Муабетите (кои фантомите што ги консултирав ниту ги потврдија ниту ги негираа) во тој период беа дека Заев бара Бејли да му гарантира 35 пратеници, меѓутоа како што се доближуваме до датумот за избори во САД на Бејли толку повеќе му гори под нозе и затоа сакал избори на 5-ти јуни. Се некаде до 22:30 на 11.05 извори од СДСбезМ тврдеа дека ќе се поднесат листи под притисок од Пендаровски. Во ДИК беше најавено дека лично Груевски ќе ги донесе листите на ВМРО-ДПМНЕ. Од тоа ништо не бидна. Летото знаевме дека ќе помине онака како што помина. Заев ги изневери шарените и на 18 јуни не успеа да им ги изнесе на улица ветените 40.000 граѓани како поддршка за нивното уривање на Прометеј со чаршаф. Не успеаа да го урнат Прометеј.

Од доверливи извори во СДСбезМ дознав дека одложувањето на изборите е поради внатрепартиската неподготвеност да се отиде на избори и дека се што имаат е СЈО, нешто што тогаш се уште не ми се веруваше. Меѓутоа по случувањата во последните 2-3 дена ми стана сосема јасно. Иницијална каписла за ова глупирање со УБК е (нормално) фантомскиот собир кој што го направи ВМРО-ДПМНЕ. Низ одредени кругови се шират муабети дека снимките од нелегалното следење на комуникациите биле однесени во Германија на аудио вештачење (или како и да се вика) при што била потврдена автентичноста на аудио записите. Следно што треба да се направи (се извинувам ако овој дел не е технички пренесен како што треба) е да се потврдат дигиталните отпечатоци на тие снимки.

Секој од тие аудио сигнали минувал низ базни станици при што има свој временски потпис од дадена базна станица, и секој од тие дигитални записи има свој „отпечаток“ на опремата на која е снимен. Она што снимките што ги пушташе Заев се во стерео техника треба да биде само еден доказ дека навистина се направени на систем за следење на комуникации, односно едниот соговорник го слушаме во лева слушалка другиот во десна. Што треба да се внимава сега?! Дали дигиталните отпечатоци соодветствуваат на опремата која ја поседува УБК? И дали временските потписи од базните станици соодветствуваат за „левиот“ и „десниот“ соговорник? Она што треба и тоа како да не загрижува е што ако снимките кои ги поседува СЈО немаат дигитален потпис од опремата во УБК и затоа сакаа во ДивљиЗапад стил да влезат во УБК и да ги земат сите материјали обезбедени преку ПИМ? Тоа е исто како на форензичар кој истражува убиство кое самиот го сторил му дадете ваши отпечатоци или било каков ваш ДНК материјал.

Зошто СЈО не сака да спроведе вештачење во Македонија туку во лабораторија и земја која ја дојавил чадорот? Деталното разработување на постапките и консеквенците од однесувањето на СЈО им го оставам на фантоми експерти по безбедност.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани