Латас во најновата колумна открива детали за поврзаноста меѓу Јанева и СДСМ
Автор: Д.П.Латас   Објавено на
share

 

 

Издржавме две години газење врз државата, културата, традицијата, домаќинските навики и воспитување… газење врз институции, нација, приватност, јавен имот и основни права… секоја уличарска будала и анонимен политикантски лузер се прогласуваше себе за фактор и невладин активист кој поставува свои услови – како сите да станеме уличари, исти како него, пишува во својата колумна новинарот Драган Павловиќ-Латас.

 
 
 
latas-nova1

 

Во колумната тој пишува открива која е врската меѓу СДСМ и СЈО. Неговта колумна ја пренесуваме во целост:

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, им порача дека неможе улицата да наредува одлуки на Уставниот суд!

Судскиот совет, во име на судиите и судовите, објави дека работат под притисок на партија – СДСМ и партиските алатки СЈО и Сорос медиумите.

Кога суд ќе го каже ова, и ќе побара помош и поддршка од граѓаните, очигледно државата е дотерана до ѕид. А државата сме ние, дотерани до зид без излез, заедно со неа.

Зошто ова ни се случува, зошто го дозволивме? Затоа што бевме комотни, поделени на сеирџии и работници, на уличари и домаќини гледајќи на сево ова како на забава.

Затоа што, кога веќе победува, ВМРО требаше да има 63 пратеници на претходните избори.

Да ги имаше до ова немаше да дојде. Кога веќе убедливо загубија, ништо кај СДСМ немаше да смени ако ВМРО ДПМНЕ имаше два-три пратеници повеќе од сега, а ќе сменеше многу работи во државава. Следната шанса за спокој ни е на 11 декември.

А до тој 11 декември ќе се изнагледаме уште многу театри, анархии и уличарења.

Кога обвинителство, во случајов СЈО, е главна вест на телевизиите, тоа само по себе значи дека со таа институција нешто не е во ред. Кога СЈО јавно суди, тоа значи дека нема веќе ни суд, ни влада, ни собрание, ни медиуми, ни јавност… ни слободни граѓани.

На СДСМ не му оди. Заев тврди дека секоја фамилија ќе добиела од него преку ДДВ плата плус во домот. Само не кажа која држава успеала да преживее без даноци. Или, Заев не ни планира Македонија да опстане како држава. Да биде протекторат на Косово, па како Косово и Црна Гора да се издржува од шверц на дрога и цигари. Заев веќе ги има дилерите за тој буџет, а сите ние ќе бидеме само корисници и зависници.

Катица Јанева, неговата десна рака и кризен менаџер, во недостаток на сериозен материјал пишува барања за истраги и обвиненија преку ноќ. Битно е да ги има, да гледа и слуша народот како Заев, таа и нивната дружина се добри, а сите други се лоши.

– Немам телефонски разговори во кои има корупција и криминал на СДСМ, вели Катица, па затоа ги гонам само оние од ВМРО. Нормално дека нема. Заев објави дека има еден милион разговори, а и предаде половина од тоа. Оние каде што се зборува и прави криминал и корупција од СДСМ и соросоидите Заев не и ги дал на Катица, ги чува за себе.

Катица треба да бара притвор за Заев по основ прикривање докази и неизувршување на закон и наредба разговорите да се предадат во целост. Вториот основ е прикривање докази за кривична постапка во која учествува самиот Заев и неговото друштво.

Но, нормално, Катица не презема ништо од ова. Нема ни намера ни време. Зафатена е околу вработувања во СЈО новинари, активисти на Сорос и СДСМ, на сопствениот внук кој се уште е студент, деца и роднини на другите обвинители кои заради тоа треба да ја слушаат и да и бацат рака.

За потреби на Заев пушта наоколу гавази да ни се закануваат, и најавуваат што не чека. Штом Ивона Талевска, седната сама меѓу петнаесет соросоиди, се осмели да му објасни на еврокомесарот Хан што СЈО навистина прави во Македонија, СЈО и пушти истражители.

Јас ги имам на врат веќе девет месеци. Оние кои се на СЈО платен список како советници, дојебници, мутиводи, шепкачи… постојано преку медиумите и порталите на СЈО-СДСМ-Сорос ми најавуваат што ме чекало од Катица. Истите кои од американскиот УАСИД добија милон евра за емисија на Телма, плус милион за емисија на Алсат… плус нов европски милион од разни амбасади и фондови за медиумска логистика на СЈО и СДСМ. И пак не ги бива, и повторно нивниот авторитет и влијание се статистичка грешка.

Се води хајка и застрашување за секој кој ќе напише нешто против СЈО и СДСМ.

Не е прв пат. Тоа ни го правеа и Доста Димовска, Љубе Бошковски, Бранко Црвенковски… замислете ова да им го прави Груевски на новинарите и медиумите на СДСМ и Сорос?!

Апсурдот да биде поголем, ова што го прават СЈО и СДСМ кон новинарите во Европа го прави уште само Путин. Па дури ни таму не функционира.

Знаеме ние што не чека. Заев и Шилегов тоа го најавуваат јавно, СЈО само извршува.

Нејзините соросоидни партиски медиуми раскажуваат наоди и прес конференции на СЈО три дена пред да се случат. Плус имиња и рекла-казала приказни за уметнички дојам. И после Катица се чуди зошто на неа и на СЈО не им верува никој.

Катица е оценета како промашен проект и од нејзиниот Чадор. Дипломатите веќе ја споредуваат со трагикомичните театри на Љубе Бошковски од неговите најславни ријалити денови. Да, Љубе и Катица се иста пара од две страни.

Катица тврди дека нема контакт со ниту еден политичар, не ги знае ни нивните телефонски броеви. Еден ден, некој Викиликс, ќе ги објави депешите со сознанија на американската амбасада дека Катица Јанева комуницира и се среќава со Зоран Заев со посредство на член на Државна изборна комисија од СДСМ, плус и преку еден нејзин обвинител.

Директните и индиректни комуникации на Заев со Катица, како и неговите јавно испорачувани барања за апсења на неговите политички противници се и законски спорни. Заев е обвинето лице за кое се водат постапки. Ако воопшто се водат, се разбира.

Еден нејзин обвинител неодамна му се заканувал на сведок дека има многу компромитирачки разговори за неа, оговарања од нејзини колеги исто така, и треба да биде благодарна што сето тоа не се појавило во јавност… засега.

Катица преку партиските соросоиди најавува дека соработувала со американската ФБИ, и ќе и потврделе дека сите телефонски разговори се оригинал. Треба некој да и објасни дека за да се утврди автентичност на телефонски разговор мора да се поседува оригинал од снимката. Не она што е преснимено на ЦеДе, УеСБе… уште помалку пуштено на Јутјуб… дека секоја аудио-видео снимка има интерен код кој се брише или менува при секое преснимување, без оглед дали е целосно, или се работи за подоцнежна монтажа. Ова и го објасниле нашите експерти од информатички факултет, но тоа и било неприфатливо. Ако ФБИ се произнесе околу ова, тоа е најцврст доказ дека Америкнаците ги имаат оригиналните снимки, и дека тие прислушкувале и снимале. Ризикот е голем, не заради нас, туку затоа што таков податок е прилично употреблив за Русите, Турците, а и некои други.

Затоа, централна задача на Катица е да докаже дека снимките, незаконски, на нашите телефонски разговори ги правеле во МВР, а не странци. Битно е да остане историски и меѓународно употреблив факт дека Америте немаат врска со тоа.

Катица е промашен проект, во тоа нема никакво сомнение. Партиски одмазник како Берија на Сталин. Прашање е само колку Ленче Ристовска може нешто да поправи од тоа.

Сите видовме, при ноќниот театар деновиве во МВР, како Ленче Ристовска се обидува ријалити настапот на Катица да го испегла, сведе во нормала и пристојност. Но, без успех.

Како што е факт дека општа, па и дипломатска проценка, е дека во ова СЈО нема капацитет и стручност освен кај тројца обвинители, што е јасна најава дека обвиненијата на СЈО ќе паѓаат на суд.

СДСМ е тапа, само шест недели пред изборите. Колку се тие повеќе во криза, СЈО е поактивно за да им помогне. Заев толку многу пати јавно објавил дека СЈО е нивна главна алатка за изборите, и тука барем нема потреба никој да се прави луд дека не гледа.

Затоа и се случуваше оној театар кога СЈО бара телефонски снимки кои ги има во Дражавната безбедност, а како тие не им ги даваат. Демек, нешто кријат, па Катица ќе дремела ден и ноќ во УБК додека не и ги дале. Катица дремеше, но засега снимките останаа во УБК.

Органски желна да биде снимана, во центар на внимание (исто како и Љубе Бошковски, на времето) таа и ноќта во МВР се смееше како да е сваќа на свадба, и арогантно соопштуваше дека наредува да и се отвори вратата од УБК затоа што таа го бара тоа. Небаре е газда на МВР.

СЈО бара снимки од следење терористички акции, особено на кумановската група, и криминалите на Заев и неговите соработници. Некој, преку СЈО и Катица, сака да дознае како тоа македонската полиција успеала да ги лоцира, и да се справи со терористите од Диво насеље во Куманово, да ги поапси и стави во затвор. Тоа некој мора да го знае, за следната таква акција да биде успешна.

Кумановската група има јатаци, оние што се сликаа со Заев, кои се се уште активни. Неодамна, по завршување на судењето на кумановската група, полицијата фатила еден соработник на судените кој на разминување им дал локатор, за да ги лоцираат додека полицијата ги спроведува од суд кон затворот бидејќи планирале напад на полицискиот конвој и ослободување на дел од судените терористи. Обидот е виден и спречен.

СДСМ проектира тензии пред изборите, и инциденти после изборите кои, нормално, нема да ги признае и ќе бара свои министри во идната влада за тензиите да се смират. Такво нешто веќе е забележано, и се следи.

Сигурен спас од такви немири и тензии се 63 пратеници на листата на ВМРО.

Прв тест обид за инциденти беше ноќниот театар на СЈО во МВР, односно во УБК. Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ на времена функција министер во МВР ангажира поранешни алфи избркани заради криминал, ги врати на работа, и им нареди да се постројат пред УБК и дејствуваат за потреби на Катица Јанева. Тие барале, и ветено им било, дека ќе добијат и автоматски пушки.

Врз кого тие избркани алфи ќе пукаа со тие пушки, во дворот на МВР? Секако, врз своите колеги полицајци кои не се под контрола на СДСМ и Катица Јанева.

Прилично голема група полицајци се осетила испровоцирана и најавила дејствување согласно закон во вакви ситуации, кое би значело кошмар за Спасовски и неговите.

Оливер Спасовски и неговите ментори се повлекле. До подобри времиња.

Веднаш потоа, Оливер Спасовки излегува и изјавува дека СЈО може да биде спокојно, тој гарантира за безбедноста на снимките во УБК. И, Катица се враќа дома.

Таа опасна ријалити ноќ помина. А ноќта е најцрна пред разденување…




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани