МИЛЧИН ДОБИ ОДЛИКУВАЊЕ ОД УЧК: Милчин со косовско одликување за заслуги на церемонијата за благодарност кон УЧК!
  Објавено на
share

МИЛЧИН ДОБИ ОДЛИКУВАЊЕ ОД УЧК: Милчин со косовско одликување за заслуги на церемонијата за благодарност кон УЧК!

 

Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на СОРОС во Македонија, вчера е одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи.

milcin-hasim-640x426
Во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на националните интереси, пренесува Република.

tachi-520x241

Милчин се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои вчера беа одликувани стотина лица, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Албанските медиуми пренесуваат извори од кабинетот на Тачи кои посочуваат дека церемонијата била во насока да ги обедини сите албански политички лидери во Македонија.

1431871672572399-520x320
Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

protest-sdsm-golema-albanija

За потсетување, ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, беше Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие „се хра­нат“ од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.

281425
На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113-та косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со те­ро­ри­сти­те паднаа осум по­ли­ци­ски жи­во­ти. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и сим­бо­ли­те за иде­и­те за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, со кои на­се­ка­де на Бал­ка­нот се пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­ци­ден­ти, по­ткре­пе­ни и со скан­ди­ра­ња за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.

screenshot-10-1-520x270

Та­ква­та по­ста­ве­ност не беше слу­чај­на, имајќи ги предвид денешните залагања и ветувања на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред македонските Албанци.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани