Избирачкиот список покажа дека нема фантомски гласачи
  Објавено на
share

Избирачкиот список покажа дека нема фантомски гласачи

Со затварањето на Избирачкиот список се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ја лажеше и манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантоми.

Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и да ја втурне Република Македонија во најголемата политичка криза, реагираат преку писмено соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека единствената забелешка која СДСМ ја достави до ДИК беше листа со 38 имиња на граѓани кои починале, а кои веќе биле избришани од избирачкиот список.

Од СДСМ со ист став. Со заклучениот избирачки список, Државната изборната комисија го потврди она што СДСМ долго го тврдеше – дека во Македонија има околу 1 500 000 гласачи, стои во соопштението на партијата. Според социјалдемократите, во посебниот избирачки список се запишани 230.122 гласачи и со тоа елиминирани се сите можности за злоупотреба на овие гласови.

За експертите пак, апсурдни се тврдењата за фантомски гласачи. Избирачкиот список покажа дека неосновани беа тврдењата за фантомски гласачи смета поранешниот член на ДИК, Влатко Сајковски. Тој додава дека еднаш и засекогаш мораат да престанат нападите врз избирачкиот список, кои пак, во континуитет се појавуваат при недостаток од резултати.

ДИК вчера потврди дека избирачкиот список сега брои 1.784.416 граѓани. Новиот избирачки список има 5000 гласачи повеќе од Избирачкиот список во 2014 година. Тврдењата за половина милион фантоми, меѓудругото, беа главните аргументи на СДСМ за оспорување на изборите од 2014 година.

Новиот избирачки список има 5000 повеќе гласачи од Избирачкиот список во 2014 година. Составот на ДИК во кој мнозинство има токму СДСМ потврди дека на Избирачкиот список сега брои 1 784 524 избирачи за разлика од списокот во 2014 година кој броеше 1 779 500 избирачи. Единствената забелешка која СДСМ ја достави до ДИК беше листа со 38 имиња на граѓани кои починале, а кои веќе биле избришани од избирачкиот список.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани