ШТО ПРАВЕА СПАСОВСКИ И НИКОЛОВСКИ ВО АРАЧИНОВО: По тајната средба во седиштето на БЕСА, СДСМ на средба со криминалци од Арачиново!
  Објавено на
share

 

ШТО ПРАВЕА СПАСОВСКИ И НИКОЛОВСКИ ВО АРАЧИНОВО: По тајната средба во седиштето на БЕСА, СДСМ на средба со криминалци од Арачиново!

 

По едномесечниот молк и тајните средби со Беса, претставници на партијата конечно се појавија во јавност, а ни помалку ни повеќе, повторно како и пред изборите, во бастионот на СДСМ – Арачиново

16107337_724295021081457_2496806812574738287_o

По тајната средба на Зоран Заев со лидерот на БЕСА на ден Коледе, прво појавување во јавност на функционери на опозицијата е посетата на бастионот на СДСМ, Арачиново од страна на Љупчо Николовски и партискиот секретар Оливер Спасовски.

Заедно со лицето на Агрон, инаку обвинет во акцијата „Сава“ во врска со шверц на цигари (во чии простории е сместен и штабот на СДСМ), и со лицето Џелили Н. кој и е добро познат на полицијата.

neki_dzelili

Џелили Н., човекот кој беше фотографиран во првите редови на митинзите на СДСМ, во друштво на Зоран Заев и Оливер Спасовски, како што дознаваме од полициски извори е лице добро познато на органите на прогонот како дилер на дрога, а за локалните жители важи и за „нарко бос“.

Според експертите, тајната средба на Заев со лидерот на БЕСА и молкот на опозициската партија може да се протолкува како обид за креирање на нови немири, имајќи ја во предвид деструктивноста на СДСМ и радикалноста на БЕСА.

Средбата на високи партиски функционери со арачиновци кои имаат дебели полициски досиеа, само ги потврдува овие сомнежи.

oliver_aracinovo

инфомакс




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани