ИВАНОВ НЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ: НИ УСТАВОТ НИ СОВЕСТА НЕ МИ ДОЗВОЛУВААТ ДА ДАДАМ МАНДАТ НА НЕКОЈ СО ПЛАТФОРМА КОЈА Е ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА
  Објавено на
share

ИВАНОВ НЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ: НИ УСТАВОТ НИ СОВЕСТА НЕ МИ ДОЗВОЛУВААТ ДА ДАДАМ МАНДАТ НА НЕКОЈ СО ПЛАТФОРМА КОЈА Е ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на некој кој ја руши независноста и сувереноста, порача денеска на прес-конференција претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Платформата подготвена од туѓа држава е пречка да му го дадам мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето до граѓаните.

 Иванов како пречка да му го даде мандатот на Зоран Заев го наведе и „незапазувањето на роковите“ според членот 90.

- Преговарањето за платформа на туѓа држава е кршење на суверенитетот на граѓаните.
На изборите се гласаше за партиски програми, а не постизборни платформи на туѓа држава. Не постојат закани ко ќе ме натераат за да го прекршам Уставот, но ги охрабрувам да поднесат кривична пријава и против мене, но и против сите кои во зависна состојба ја донесуваат РМ. Туѓи постизборни платформи не може да бидат основа за формирање на Влада. Немаме резервна држава. Граѓаните може да се мирни. Се додека сум претседател нема да дадам мандат на партии кои се залагаат за уривање на суверенитетот - рече во своето обраќање Ѓорге Иванов.






КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани