Заев: Иванов изврши државен удар
  Објавено на
share

Заев: Иванов изврши државен удар

 
 

Ѓорге Иванов со одлуката да не го додели мандатот на СДСМ, изврши државен удар“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според него, Иванов ја внесува Македонија во длабока политичка, но и, како што рече, уставно –државна криза.

„Иванов ја негира мнозинската волја на граѓаните и спречува легален и легитимен трансфер на власта“, рече Заев.

Тој додаде дека со ваквото однесување Иванов се ставил во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и неговите соработници.

„СДСМ нема да дозволи никој да си игра со иднината на државата“, порача Заев.

Тој ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

„Да останеме смирени на линија на демократските процеси кои водат кон формирање на нова реформска влада“, рече Заев.

Според него, сето ова што сега се случува го виделе и претходно од Груевски и неговите соработници.

„Груевски тоне, но нема да ја потоне и Македонија. Иванов мора да ја повлече оваа одлука и да го додели мандатот“, истакна Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања за следните чекори, Заев рече дека дополнително ќе ги откријат своите планови.

Во врска со посетата на Али Ахмети, Заев рече дека средбата била за запознавање со владината програма, за идните ресори што би ги добиле коалиционите партнери, без конкретни одлуки.

Околу протестите, Заев смета дека станува збор за изманипулирани граѓани, кои, како што рече, ја штитат „бандата на Никола Груевски“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани