СООПШТЕНИЕТО НА МАНУ - ПРОМАШЕНА ТЕМА Отворено писмо од македонскиот писател Алдо Климан до Македонската академија на науките и уметностите
  Објавено на
share

СООПШТЕНИЕТО НА МАНУ - ПРОМАШЕНА ТЕМА

Отворено писмо од македонскиот писател Алдо Климан
до Македонската академија на науките и уметностите

 

 
Господине претседателе на МАНУ и почитувани членови на
претседателството на МАНУ, го прочитавме вашето пишано соопштение до
јавноста, издадено по повод неодамнешниот отворен  апел да се огласите
и да го искажете својот јасен и резолутен став во врска со
драматичните настани во Македонија и околу неа, при што се ставени на
коцка сите наши највисоки национални вредности: националниот
идентитет, самостојноста, и пред сn4; унитарниот карактер на нашата
држава Република Македонија.

Вашето јавно обраќање во писмена форма претставува катастрофално
промашена средношколска тема! За ова имате единица и не можете да
поминете во наредниот клас!

Не ве повикавме со пудра на лицето и во бели ракавици да ни кажувате
флоскули и опортунистички-еуфемистички приказни за тоа што се случува
во Македонија. Тоа сите предобро го знаеме и го чувствуваме!

Од вас очекувавме како највисока научна и културна институција да
заземете енергичен став во одбрана на уставноста на Македонија и во
одбрана на нејзините највисоки државни институции, грубо атакувани
одвнатре и однадвор, со намера сосема да се разнебитат и докрајчат.

Очекувавме најенергично да ја браните и да ја поддржите во моментов
единствената сn4; уште витална од трите највисоки институции во државава
- претседател на Република Македонија, и со јасен став да го поддржите
неговиот државнички авторитет, во тешките одлуки што требаше да ги
донесе додека вие се премислувавте како да ја составите својата
писмена задача за јавноста, иако не е јасно зошто ви требало толку
многу време, за нешто така осредно и неважно.

Очекувавме од вас, со својот меѓународен авторитет како институција,
јасно да им дадете на знаење на странските држави и државници да не се
мешаат на најгруб и најдиректен начин во внатрешните работи на нашата
суверена држава Република Македонија.

Очекувавме со ист став да излезете кон надворешните политички играчи
што ја сварија оваа работа за Македонија: Европската заедница, САД и
НАТО, и особено кон нивните случајни чиновници што препотентно
трчкараат и се шеткаат низ Македонија и ги малтретираат македонскиот
народ и народностите во Република Македонија со своите бесмислени
филистарски тормозења.

Очекувавме да бидете Македонска академија на науките и уметностите -
МАНУ, а не англиски клуб на безгрижни пушачи на лулиња.

Затоа повторно ве повикувам, за да си го обелите образот, кон своето
пишано соопштение да допишете и Анекс, да го објавите во медиумите и
да го кажете сето она што не го кажавте а сте требале да го кажете во
овој тежок историски момент за Македонија. А тоа е:

- безрезервно да застанете во одбрана на суверенитетот, самобитноста и
интегритетот на Република Македонија.

-  безрезервно да му искажете најенергична, целосна и недвосмислена
поддршка на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, како
на последната највисока републичка институција и инстанца што со сите
уставни овластувања има мандат од македонскиот народ и од народностите
што живеат во Република Македонија до крај и со сите расположливи
средства да ја брани нејзината државност и нејзината неповредлива
унитарност. И да ги осудите нападите врз него поради тоа што постапил
државнички и единствено исправно.

Сапунската миришливост и глаткост на вашите куртоазни изјави нема да
ги запре оние што најдрско наумиле да ја уништат Македонија, и да го
сотрат македонскиот народ и сите народности со кои со векови живеевме
во вистински соживот под ова наше заедничко македонско небо и сонце.

Ако го пропуштите овој последен воз, а се чини дека ви бега пред носот
- во која МАНУ ќе бидете тогаш? Обидете се сами да си замислите.

Со почит,
Алдо Климан




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани