ПОЛИТИЧKА ВИЈАГРА ИЛИРИДА - АЛБАНСКА ЕРОТСКА ФАНТАЗИЈА
  Објавено на
share

ПОЛИТИЧKА ВИЈАГРА

ИЛИРИДА - АЛБАНСКА ЕРОТСКА ФАНТАЗИЈА

 

Познато е од психопатологијата дека постојат луѓе со болни еротски фантазии, кои до манијакалност мечтаат по некои за нив недостапни суштества, жени или мажи, подготвени дури да извршат и најсурово злосторство, киднапирање, силување и убиство, само да се дограбат до својот одбран еротски објект. Тие и такви тегобни криминални сижеа се честа тема на многуте холивудски трилери и хорори, но, за жал, секојдневно ги среќаваме и на страниците на црната хроника. Така, во нечиј тивок, чесен, мирен и невин живот, како што е нашиот македонски, наеднаш се појавува лудак на кој во мозокот с` му е помешано и тој смета оти има право на животот, душата и телото на својата жртва, уверен дека неговата психопатолошка фантазија е чиста реалност, а не производ на целосна поматеност на неговиот ум за која веројатно и не постои лек, освен кошула со споени тесни ракави, врзани на грбот.

На времето, додека светот не беше полуден толку колку што е полуден денес, мислевме дека Маркиз де Сад ни кажал с` за тој вид психопатолошки појави и потиснати соништа и оти со својата манијакална фантазија навистина ги допрел крајните граници. Но, еве, гледаме дека не е така и оти модерната психијатриската наука ќе мора сериозно да се позанимава и со сосема нови, невидени појави на манијакални еротско-политички фантазии со предзнак на најгрубо силување. 

Туѓото - послатко! Туѓата земја - послатка! Туѓата историја - послатка! Тоа е вртоломниот ерос на бедната ракатка најпримитивни актуелни и бивши албански политичари што уличарски и бескрупулозно ни ја силуваат татковината, ни ја силуваат нашата родена мајчичка Македонија, а притоа нивните болни фантазии одат дотаму што во моментот на својата хистерична психопатолошка еуфорија и опиеност од ништо, гласно, најгласно до крчење и врескање, спомнуваат едно друго, заменско име, име на некоја нивна болна еротско-политичка фантазија - Илирида!

Фантазирајте меѓу вашите ѕидови

Немам ништо против да си фантазираат, ама нека го прават тоа дома, меѓу своите високи оградени ѕидови и тесни прозорчиња. Но, кога некој има болни фантазии и со нив излегува во јавност, мора да знае дека тука постојат цивилизациски норми и правила на однесување, а постојат и закони: па оние што ги кршат - се знае каде им е местото, а оние што се удрени во глава - и за нив се знае каде треба да се сместат. Но во сегашната општа лудница во Македонија што ја предизвика и што ја овозможи мизерната предавничка клика на Зоран Заев, здружена со своите ограбувачки и уценувачки компањони платформисти - тие и такви примитивци и тотални аналфабети од албанскиот политички круг си дозволија да трескаат црнохуморни измислици и со најглупави мистификации да го лажат пред с` сопствениот албански народ. Зашто ние Македонците многу добро знаеме дека татковината ни се вика Македонија и одлично знаеме каде ~ е местоположбата, со сите нејзини историски, етнички и географски граници. Од друга страна, каде се наоѓа таа албанска исфантазирана утопија Илирида - тоа никому не му е познато.

Почитувани албански сограѓани, а и вие почитувани граѓани на Република Албанија, вашите политичари бесрамно ве лажат и се обидуваат да ви го затрујат умот со една таква бесмислица каква што е Илирида. Такво нешто едноставно не постои и не постоело никогаш, освен во фантазиите на гореспомантите примитивни измамници. Ако Илирида постоела кога и да е - науката ќе го знаеше тоа. Зборувам за наука, а не за нечија квазилитерарна креација. А егзактната наука ниту знае ниту чула за таква земја на светов, особено не на местото на кое со илјадници години си постои земја Македонија, позната и до најоддалеченото катче на светот.

За тоа дали некоја земја некогаш ја имало или ја немало на Земјината топка, најдобро ни сведочат старите мапи. Таму е запишано и посведочено с`, и тоа од разни угледни светски картографи и историчари на кои им било сеедно и баш им се свиркало дали во најдалечната иднина, стотици и стотици години по нивната смрт, ќе се појави некоја си невкусна агресивна големоалбанска политичарка Дода или, пак, некое си излитено агресивно локално големоалбанско политичарче Халили. Тие стари картографи, тие големи луѓе што на илјадници најдетални географски мапи ја пишуваа и ја напишаа светската историја, па и историјата на ова преубаво парче наша заедничка земја што се вика Македонија, никогаш и никаде не ја виделе таа утопија Илирида. Таа постои само на нецивилизираните освојувачки скици и на политичките чкртаници со фломастер на хартии формат А4 на современите големоалбански планери како една бесрамна измислица и неизмерно голема лага со предумисла. Искрено се сомневам дека обичниот албанскиот човек во Македонија, оној наш добар комшија Рамиз или Аќиф, кој надалеку се гордее со своето достоинство и со својата чест, би сакал сопствената национална иднина и слава, но и иднината и славата на своите деца и внуци да ја темели врз една таква аморална, шуплива, квазиисториска и неодржлива конструкција. 

А еве како стојат работите во реалноста.

Во 2012 година во Музејот на Македонија, како и во Народниот музеј во Битола, во соработка со Археолошкиот музеј на Истра од Пула (Република Хрватска) цели три месеци (октомври - декември 2012) беа отворени две изложби на стотици оригинални стари мапи на Македонија (XV-XX век). Да не беа толку слепо загледани само во своите дилетантски освојувачки, заговорнички „картографски“ зафати по некои приватни станчиња, но и кај тиранските и приштинските ментори, овие големоалбански измамници што така лесно се расфрлуваат со поимот Илирида, можеа да ги видат оригиналните историски карти на Македонија во многувековен распон, па дури с` до длабоко во минатото, до времето на Птоломеј и Поинтигер од IV до V век, чија карта исто така беше претставена на изложбите, и со свои очи ќе прочитаа што пишува таму. 

А таму на сите карти пишува Македонија, а не Илирида, која никаде, ама баш никаде воопшто ја нема ниту, пак, некаде се спомнува. Овде, за крај, само за да го потцртам „импресивното“ научно знаење на големоалбанските „картографи“, автори на мапата утопија - Илирида, на прескок ќе наведам неколку изворни стари мапи на Македонија на кои нејзиното големо и славно историско име секаде е посведочено јасно и недвосмислено и секогаш како референца на нејзиниот општопознат географски и етнички простор.

Сведоштва за името

Прво, на една од најстарите зачувани карти на стариот свет од Птоломеј, со крупни мрсни букви, со грчко писмо е впишано името Македонија, а наведени се и неколку други македонски антички топоними. Второ, на прочуената географска мапа Табула Појтингеријана, на која е претставена широката мрежа патишта низ целото Римско Царство, изработена во IV или во V век, а го опфаќа просторот на Европа, Азија (Персија, Индија) и Северна Африка, Македонија е прикажана на VII и VIII сегмент, а меѓу наведените македонски антички содржини посебно е истакнато и убаво е прикажано Охридското Езеро. Името Македонија, пак, со крупни црвени букви на жолтеникава подлога е распослано по сета должина на двата сегмента од мапата. Трето, на картата на светот поместена во илуминираниот „Kоментар на книгата Откровение“ од калуѓерот Беатус од 11 век јасно е впишан поимот Македонија.

Четврто, Херман Шедел во книгата „Либер кроникорум“, печатена во дрворез во Аугсбург (1497), донесува текст на латински јазик со наслов „Македонија“ со приказ на еден македонски град, најверојатно средновековен Охрид. Петто, Бенедето Бордоне (Венеција, 1528) донесува дел од територијата на Македонија со Халкидик и Солунскиот Залив, со јасно впишано име Македонија. Шесто, Себастијан Минстер во прочуениот атлас „Kосмографија универзалис“, печатен околу 1445 во Базел, а подоцна препечатуван во голем број изданија, донесува убава карта на Македонија, со нејзино впишано име во просторот на нејзината позната територија; на дел од картата се прикажани и Грција и Мореа. Името Македонија е јасно впишано и истакнато и на низа други карти од Минстер со прикази на поширокиот балкански простор.

Седмо, Џироламо Рушели на Таблата IX од атласот „Географија“ (дрворез, Венеција, 1561) донесува приказ на дел од Македонија и од нејзиното егејско крајбрежје, како и на целиот тек на реката Вардар со наведување на името Македонија. Осмо, Вилем Јансон Блае во својот атлас „Атлас Мајор“, реализиран во бакропис во 1650 година во Амстердам ја објавува прекрасната карта „Македонија, Епир и Ахаја“. На задната страна на француски јазик е печатен текст со наслов „Македонија“. Деветто, во периодот од 1607 до 1621 следува цела серија мапи на Македонија во бакропис со наслов „Македонија, Епир и Ахаја“, изработени од славниот картограф Герард Меркатор и печатени во неговиот „Атлас минор“ (Амстердам) со прикази на целата територија на Македонија, од Скопје на север и Kратово на североисток, до Охрид на запад и Kавала на исток и со богата античка и современа македонска топонимија. Исто така, и на картата „Валахија, Сервија, Булгарија и Романија“ Меркатор јасно и изделено го впишува поимот Македонија, во просторот што ја претставува нејзината територија.

Десетто, на картата на Ален Мансон Мале „Македонија, Тесалија, Епир“, печатена во Париз во 1683, е прикажан егејскиот дел на Македонија со Халкидик и градот Солун. Единаесетто, „Македонија и Тесалија“, карта од Филип Kлувер, печатена во бакропис од 1697, донесува детаљно внесени податоци за македонските антички краишта. Дванаесетто, Мортие, според Лауренберг, во 1700 година во Амстердам ја печати во бакропис импресивната и прекрасно опремена карта „Македонија, татковина на Александар Велики“. Тринаесетто, историските карти на Македонија од Kристофер Селариус со мотивите на Македонија се надалеку познати и прочуени, особено картата „Kралството Македонија - Тесалија - Епир“, печатена во Лондон во 1774 година, со прекрасен свиток со ликот на Филип II Македонски на коњ, свртен кон своето кралство Македонија. Четиринаесетто, на австро-унгарската воена специјалка „Kарта на санџаците во европскиот дел на Турција“ (втора половина на XIX век), најјужните прикажани делови на Македонија одат по линијата Преспа-Меглен-Серез-Драма. На таа мошне детаљна карта на Македонија се внесени изворни македонски или современи турски имиња на местата на целиот опфатен простор на Македонија, од Охрид на запад до источните граници на пиринскиот дел на Македонија, каде што се наведени сите изворни имиња на градовите и помалите места. Петнаесетто, мапата „Србија и Македонија“, издадена од Флеминг во Берлин во 1912 година ја прикажува Македонија во нејзините познати географски и историски граници пред и по завршувањето на Првата балканска војна, т.е. нејзиното грубо воено-политичко бришење од лицето на земјата. Воедно, таа е и сугестивно историско сведоштво за целосноста на Македонија и за нејзината ограбена територија зашто како независно германско издание мапата е печатена токму во реалниот историски момент, во 1912 година. Шеснаесетто, на картата подготвена за тритомната едиција „Историја на македонскиот народ“ (Скопје, 1969) Македонија под тоа свое историско име е прикажана во сопствените географско-етнички граници, што се внесени според Д. Јаранов (Софија,1933). А освен тие граници, внесени се и политичките граници со кои Македонија до денес јасно и недвосмислено е одвоена од Србија, Бугарија, Грција и Албанија. 

Господа големоалбански „картографи“, ова погоре наведеново е само најнајскромен дел од безбројните славни историски географски сведоштва за постоењето на името на Македонија. Вашата политичка вијагра што си ја нарековте Илирида никако нема да може да ви помогне во постигањето на вашата научноисториска машкост (па и кај вас госпоѓо Дода). За тоа е потребно многу повеќе: вистинско, втемелено знаење, висока научна етика и пред с` - чест, а не само прчење со куп ординарни глупости и невидена приземност и примитивизам.

Алдо Kлиман




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани