ЈАСЕН ( за резерватот Јасен) - пишува Миленко Неделковски
  Објавено на
share

ЈАСЕН

За ЈАСЕН треба да е ЈАСНО дека тоа е ловиште.
Што се однесува до “воените“ објекти, тоа е “камено“ доба и превазидена безбедносна стратегија која не е функционална, потребна и применлива.
Единствено нешто од тие “скривници“ што е употребливо е тајновитоста на Јасен што овозможува соросписки шпекулации и герис-фејк-њус манипулации.
Јасен е ловиште. Јасен има сместувачки капацитети некогаш направени за дражвниот и воен врв на СР Македонија и СФРЈ. Но тоа е мебел од 60-тите, технологија од времето на Кенеди и Хрушчов. Ситуацијата таму е таква да може да задоволи барања на ловџии (елитни ловџии од светот што плаќаат отстрел) за неколку дена. И, толку.
Таму нема мистерија, нема завера, нема ходници – нема ништо.
Јасен е простор што секој државен врв љубоморно го чува. Но, не заради воениот капацитет, туку заради подмирување на најдолните страсти – лов на товени “диви“ животни. Тој “лов“ често се претвора во касапница.
Јасен бил омилено место на Лазар Колишевски, а во поново време на Хари Костов. Чудно, кога Хари како министер за внатрешни и како премиер одеше во Јасен немаше текстови дека ќе апси (Раштански лозја) од таму или дека ќе наредува убиства (Диме Поштарот) од таму?!?!?!
Колку мене ми е познато ниту Никола Груевски, ниту пак Ѓорѓе Иванов се по ловот. Не се по убивањето срни, елени лопатари, диви свињи… Тоа се луѓе што не се крволочни.
Недостатокот на идеа на гериз-фејк-њуз медиумите околу желбата Заев да стане Премиер, а Тиранската платформа да стане Устав – остава простор да се прават “причи“ со Јасен.
АРМ како воена сила е потполно окупирана од НАТО стандардите и желбите. Безбедносните полициски сили се инкорпорирани во ЕУ стандардите. Тука нема никаков простор за манипулација или злоупотреба.
Но, желбата на соросписките фејк-њуз медиуми да направат драма од секоја тревка, прави да се комедијанти, а не новинари.
Па така, доколку било кого интересира да види што е Јасен, во текот на работните денови има термин на проаѓање од правец на Скопје кон Пешна наутро, и во обратен правец попладне. Ништо не е забрането, ниту снимање, ниту било што. Со тоа што се работи за исклучитечно тесно асфалтирано патче на кое не може да се застанува доколку има автомобили зад вас, Оти ќе се направи колона.
Во случај на потреба од Скопје да дојде брза помош, пожарна или слично во селата и викенд населбите од таа страна на Јасен, сообраќајниот режим се менува.
Значи, Јасен не е драма. Јасен е убавина. Вреди да се качите во ауто и да ја извозите.
Не знам дали уште работи рибнкот Пешна, бидејки ако работи препорачува ручек пастрмка таму. Убаво е и за деца. Трева, природа, животинки…

Миленко Неделковски

26.14.2017




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани