Боки 13 избран за претседател на Меѓународниот сојуз: Ќе се залагам за општество без поделби! На прием кај министерката за труд и социјала
  Објавено на
share

Денес, Меѓународен сојуз – Скопје ја заврши седницата за избор на претседател на сојузот, а во тајно гласање на 52 делегати од земјава и од Европа, убедливо победи активистот Бојан Јовановски, алијас Боки 13.

Со седницата претседавале г-ѓа Агапи Дика и проф. Д-р. Билјана Белевска.
Јовановски бил избран во конкуренција од четворица кандидати, а функцијата ќе ја преземе на 22 јуни годинава.

,,Меѓународниот сојуз ќе функционира во земјава и регионот според сите стандарди на ЕУ, со цел зајакнување и заштита на правата на социјално загрозени граѓани.
Во текот на првата година предвидена е реализација на два проекти и креирање и подигнување на системите за логистика на асоцијацијата.
Се предвидуваат подолгорочни решенија во цивилното општество и кај загрозените категории.
Паралелно, предвидено е да тече процес на едукација и подигнување на јавната свест на индивидуално и институционално ниво, како и во рамки на стопанскиот сектор.

Максимата ,,Заштитата на човековите права оди заедно со профитот” ќе креира европски ориентирани и социјално одговорни компании. Воедно, тоа ќе овозможи трансфер на социјалните категории кои се финансираат од буџетот . На тој начин ќе се овозможи растеретување на буџетските давачки по тој основ” – информираат од сојузот.

Тие му ја честитаат новата функција на Јовановски, потенцирајќи дека тој е личност за која е проценето од страна на делегатите дека во себе има сублимирано орагнизациски, идејни и оперативни квалитети пресудни за реализација на мисијата на сојузот.

Боки се заблагодари за укажаната доверба, порачувајќи дека сака да гледа насмеани луѓе полни со оптимизам, да живее во општество каде сите ќе бидат исти, и вети дека ќе продолжи максимално да се залага за остварување на таа цел.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани