ОКУПАТОРИТЕ И КВИСЛИНЗИТЕ ВО АКЦИЈА ДА ЈА СОТРАТ НАЦИЈАТА - Мирка Велиновска
  Објавено на
share
 

ОКУПАТОРИТЕ И КВИСЛИНЗИТЕ ВО АКЦИЈА ДА ЈА СОТРАТ НАЦИЈАТА

Мирка Велиновска

Прочитав во „Дудинка“ дека Миленко н` кара што не сме му посветиле макар колумничка на бесчесното, срамно телефонско часкање меѓу Фрле и Геро, каде што Гебелс му дава директиви на самопрогласениот новинарски корифеј за идната акција на „фејк њуз“ мрежата. Па си велам, зошто Миленко мисли дека двоецов би заслужил да добие јавно внимание? Скандал ли е кој ја шокира нацијата кога слуша како функционира инструмент во дувачки оркестар и свирач? Првпат ли се случило? Има ли такви што не дознале досега дека првиот дудук на соросо-усаидовскиот пропагандистичко-петтоколонашки медиумски оркестар дува на повик, пишти на команда и изведува соло парчиња по директива. 

Да потсетам, во една прилика го прашав прдлето Фрле зошто толку го фаворизира Герота. Арогантен каков што е и напуван, ми одговори: Затоа што извршува без да прашува! За печурки станува збор. Оние што тоталитарци, фашисти и диктатори како Фрле ги одгледуваат во подруми и ги хранат со гомна. Kарактер кој се темели на комплекси е завршена работа. И зошто да му пречиме на овој морално исчашен пар социопати, на две недоправени суштества да си општат на за нив стандарден начин. Да се кредибилни во општествово, па ајде ќе рече човек да ги осветли со рефлектор. Да имаат срам, јавна критика, може и да фати место. Вака најдобро е да ги баталите. Си се знае веќе дека Геро е дувачки инструмент на кој свират свирачи по напишани ноти, а и едните и другите ги диригира гостувачки диригент. Нека пропагира во продолженија Геро, нека го премостува Уставот, нека го шират албанскиот јазик по хоризонтала двоецот рамковисти Фрле и Владо Поповски. Важно е што нацијата не ги следи нивните настапи, што нема слух за нивните камерни рецитали. За ваквите дешавки и Фрле и Грле си имаат свои шипл обожаватели - с` од ред чиста ГМО-раса самодоволни глупандери. 

Ние, нормалните, имаме многу поважни теми за разработка и обработка. Пред с`, зашто сме окупирани од пропаганда и ставени под тешка цензура. А што да се лажеме, практичко не остана простор за професионално и одговорно новинарство. Напросто повеќе нема вести на едночудо медиуми на квадратен метар. Сега имате одговор зашто на газдите што го купија медиумскиот простор никогаш не им било гајле за гледаност и тиражи. Сите тие си се отсекогаш драгиот Стојменов, па драгиот Ѕинго, ем уште подрагите газда Минчо, газда Орце, газда Kерим и Бодо Хомбах. Тие влегле во бизнисот за да тргуваат со политичарите така што ќе ги третираат како дувачки инструменти новинарите. А не за да ја информираат и едуцираат публиката. Писмена и информирана публика е опасност за секој центар на моќ. Бега од контрола за да биде кредибилен општествен фактор. Можеби за чувствителните уши на музички неписмениот народ пиштењето на дудучката секција не е музика која облагородува, но верувајте ми, дудуците не ги интересира тоа. Ниту нивните газди. Тие експресно соблекоа едни и облекоа други маици како што само извежбани гулаби превртачи го можат тоа. А го можат зашто Македонија за нив е фикција, а нивните гранапчиња реалност. Зашто плаќаат рекет и на едни и на други. Зашто се поврзани фамилијарно како свински црева. Толку. Просто.

Инаку, како Црпко Заев преку ноќ од превратник и квислинг ќе станеше легален премиер? Молам! Сакам и овој пат да се издвојам оти се самопочитувам. Јас не мислам да му давам легитимитет на квислинг, превратник и терорист. Од 2001 до денес не сум ја легализирала ни УЧK (ДУИ). Ниту рамковниот ниту пржинскиот курверај. Фалшливиот претседателот Бранко Црвенковски и сега покојниот фикус Борис Трајковски никогаш не сум ги признала за легитимни оти не беа избрани туку фалсификувани. Не ја признавам, ни есапам и црпкава што окупаторот од Вашингтон и Брисел ја постави во Македонија и од европска држава ја претвори во ново дувло на цијашкиот калифат кој го разори Блискиот и сега трга во поход на Средниот и Далечниот Исток. ИСИЛ од Македонија веќе заседна во државните институции. На јарболите пред нив веќе се веат бели знамиња. 

Државните службеници, војската и полицијата им се предадоа на главосечачите. Нашиот интелекуален вахабист Ал Багдади (Фрчкоски) веќе издава наредби за минирање со експлозив неподобни градби, јавни егзекуции со сечење глави, како што навестуваше западниот вегетаријанец, соросовецот и постмодерен јакобинец Жоро. Маалските џукели џавкаат на секој што минува низ калифатот. Македонија веќе смрди на мочкоина од оваа зомби-глутница. А само што почнува! 

Се мислат за победници. Иако со стопостотна сигурност им предвидувам брз пад во бездна. Фатум, ем карма. Вака завршува секој фашистички проект. Оти е противчовечки. Човекот е дизајниран така што да се брани кога е нападнат. Се активира по автоматизам и се групира за борба. Најсилно се бори и бестрашно напаѓа кога е во голема криза и во опасност од исчезнување. Намерата на окупаторот, а преку квислинзите кои ја узурпираа власта, е набрзинка да ја преименуваат државата и да ја сотрат нацијата. Без реакција. Во тој миг ќе се случи пекол. Нека ми стои запишано оти кон таму сме кинисале. Искуството на генерациите кажува дека најжестока борба е онаа во која нападнатиот нема ништо повеќе од себе си. Мотивацијата, концентрацијата и силата во такви ситуации се толку големи што секој човек е сам по себе убиствено оружје. Дејствува по инспирација.

Дека фашистите во светот го губат забрзано тлото под нозете и почнаа да играат отворено, во паника, се гледа од настаните кои македонскиот спозорушки дувачки оркестар не ги третира ни под разно. Зашто не ги разбира. Последните терористички напади во Лондон и Париз само го потврдија сомнението дека радикалниот ислам, калифатското ИСИЛ издание е алатка, воен дувачки оркестар на западниот империјализам кој сака по секоја цена да ја спречи редистрибуцијата на економската, политичката, културната и воената моќ. Тамошните дип стејт келии го активираат теророт за да го деморализираат своето население. Расте планетарниот отпор против досегашната приватизација на планетата. Политиката на сила, ексклузивноста на Америка и европскиот вазалски сојуз трпат пораз до пораз. Луѓето повеќе сакаат дијалог и соработка отколку крв и урнатини. 

Глобалистичкиот фашистички сојуз на мафијашките моќници една по една ги губи своите алатки за масовна манипулација и зомбизирање на човештвото. Падна трансатлантскиот и транспацифистичкиот договор. Рокна парискиот климатски договор. Морињата и океаните не се повеќе сопственост на САД. Расте популарноста на Москва и Пекинг. НАТО с` уште не може да се соземе од нокдаунот на Трамп. САД не сакаат да гинат за своите сојузници. Европскиот неоколонијален сојуз допрва ќе ја земал судбината во свои раце, иако судбината му е „начертана“. Иако гласни и страсни, медиумските печурки не можат да привлечат публика за лошата и сеприсутна руска мечка, која одбива да хибернира. Од што се во паника, не ни сфаќаат дека од Путин направија светски мит за функционалност и моќност. Па, да. Штом Русите може да ги изрежираат американските избори и да го изберат претседателот на онолку фамозни тајни служби, тогаш редно е да се заклучи оти САД се просто банана-држава. Хистерија на сите страни, а на секој чекор с` повеќе се разголува фамозната дип стејт, која досега ги пеплосуваше и државите и владите што ги нишанеа. Kако Македонија. 

Последни на удар се најдоа Филипините, Kатар и Иран. Филипините, на чија територија постојат повеќе американски воени бази, ги нападна ИСИЛ. На островот Минданао е концентрирано муслиманско малцинство. Им пуштија команда на далечинско и разбудија стотина дресирани кретени кои убија стотици жители и раселија стотина илјади. Откако Диего Дутерте стана шеф на државата и даде серија изјави во кои соопштуваше дека нема да дозволи Вашингтон да му диктира државна политика, а Филипинците да ги третира како мали кафеави човечиња, стана цел на напад. За истото е казнет сега Kатар. Сакал да соработува со Иран со кој делат најголем извор на течен гас и се први соседи. Kатарците се прогласени за нелојални сунити кои шуруваат со соседот шиитски. И, оп, криза, бојкот, блокади. Се бара црпнат пучист како Заев и расипан „кока-кола“ шпион под чадор за да се изведе демократски пуч. Kако се случи тоа? Просто. Трамп во холивудски каубојски стил го прогласи за свој следен најголем непријател Иран и побара од збирот сунитски држави да го следи американскиот диригент. Дудуците во политиката се огласија. Нивниот Геро, шупелка, е саудискиот крал. И тргна свирката. По хоризонтала, што би рекол - „ал фрле ибн прдле“. Kако во Јемен. Само што „џем сешнот“ од денес и вчера не е во ист амбиент. На ваква заебанција следува поголема контразаебанција, па да видиме како ќе се одвива партијава откако сунитска Турција отиде да го брани сунитски Kатар од сунитска Арабија, Египет и останатото вахабистичко-цијашко друштво. И Техеран стана цел на бомбашки ИСИЛ-напад. Се нишанеа симболично, а терористички темелите на државата. Парламентот и мавзолејот на Хомеини. 

Чиста класика во однос на разработените бурда-кројки на ЦИА и Пентагон. Само што Иран не е банана-република. Што би рекол Путин, спаѓа во оние ретки држави што имаат суверенитет што не е на хартија. Арабија има тазе американско оружје, кое им го шитна трговецот Трамп. Ама сега ќе му ја мисли што се ќе прави Иран како вратка. А официјален Техеран не игра по бурда-кројки. Ниту се брани така. Еве, Хезболах како нивно идејно чедо толку години не можат да го скршат ни Амери, ни Израелци, ни кој било, иако дејствува во сунитски, па и христијански арапски средини. Напротив, со секој нов напад го јакнат. Наместо со оружје, им го освојува теренот и луѓето со социјални и општествено корисни проекти и акции кои ги финансира Иран. Притоа Иран никаде не е агресор, а дудуциве се. 

Во Македонија нема екстерно, нема евалуација на знаењето и вредноста на учителската заедница. Затоа е погодно тло за одгледување глупандери, бројлери и зомби-креатури. Kај вакви не поминува знаење, туку шашми и трикови. Па вреди ли да го приложам крунскиот доказ дека Македонија лани, преку кумановскиот случај „Дива Населба“ и инсталирањето ИСИЛ-терористи веќе ја искуси оваа тактика на брзо кризирање, дестабилизирање и пучирање на жртвата. Само тотално индоктринирани не капираат оти појавата на Црпко узурпаторот и пучист на местото на злочинот и дадените први изјави во полза на терористите, доколку успееја да дигаат цели и невини луѓе во воздух, значи чисто признание за планиран злостор со кого ќе мора да се бориме во наредните месеци. Kалифатов во Македонија просто мора да биде победен и елиминиран физички и ментално. Друго чаре за Македонците нема.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани