Бојан Јовановски на средба со министерот Спасовски
Објавено на
Бојан Јовановски на средба со министерот Спасовски
21/06/2017 12:56.Прегледанo: 2,221 пати.
Претседателот на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории, Бојан Јовановски, оствари средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Целта на оваа средба била да се изнајдат начини како да се создадат услови за подобра и поквалитетна имплементација на програмата на сојузот која е тесно поврзана со делувањата на МВР.
На средбата се разговарало за преземање конкретни мерки од страна на министерството за заштита на децата на улица како и заштита на жртвите од семејно насилство.
– На официјалниот прием во министерството ги поставивме начелата за заедничка соработка со една единствена цел, заштита и помош на сите граѓани. Здраво, силно и еднакво општество, вели Јовановски.
Меѓународниот сојуз утре ќе има свечена седница во Музејот на современа уметност каде и официјално Јовановски ќе застане на чело на сојузот.
КОМЕНТАРИ