За новата пропагандно-антивмровска тв серија на Канал 5
  Објавено на
share

преземено од ФБ на Darko Andonovski

„Семејство Марковски“, навидум бенигна серија за животот на едно скопско семејство, но ако малку се потрудите да ги поврзете камчињата, ќе откриете еден перфидно искреиран мозаик, зад кој се крие суптилна антивмровска приказна. 
Финансирана од УСАеид, пласирана во ек на предизборна кампања на сега просдсмовска телевизија Канал 5. Приказната раскажува за семејство во кое невработениот татко, мора да земе вмро-вска книшка за да добие работа, па потоа мора за тоа да одработува и да оди на контрапротести, едниот син му е хомосексуалец, а ќерката е во врска со вмровски градежен мафијаш кој не дава плата на вработените и на нелегален начин добива градежни дозволи... 
На Канал 5, финансирано од УСА-еид, во време пред локални избори.
Значи нема дно. Нема граница кога се во прашање средствата кои „партнерите“ од Кале ги употребуваат за да влијаат и на овој изборен резултат, во кој повторно треба да се издејствува победа на црпнатиот и компанијата му. 


Ако на тоа се додаде медиумската атмосвера во која освен Алфа тв речиси и да не постои друг влијателен проопозициски медиум, атмосвера во која останатите медиуми кои ја поддржуваа сегашната опозиција или се затворени, или се под некаква закана од судски процеси, атмосвера во која главните проопозициски новинари се на најразлични начини замолчени, ќе се дојде до заклучок дека ваква неизбалансирана состојба на информативен план не се памети во нашава држава. 
И сега нема проблем за ЕУ, ОБСЕ, САД и компанија. Сега се е во ред, новинарството е избалансирано, а прашањето дали изборите ќе бидат фер не се ни поставува.
Сега нема ни мешање на државата и партијата. Сега не е проблем ни тоа што криминалци се пуштаат на слобода во функција на денот на гласање, а ликови како Едмонд Темелко се затвораат, ниту тоа што полицијата вперува оружје во глава на градоначалнички кандидати... Сето тоа нема врска. Се е во ред, само ако е во корист на оние кои им се на нив по ќеиф. 

Али им се гледа крајот...




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани