Мојот Блејд Ранер некогаш и сега
  Објавено на
share

Да се разбереме, ова е повеќе некаква интимна исповест одошто критика/анализа на BLADE RUNNER 2049.

Имам силна потребна да се објаснам, не знам зошто, можеби пред се заради себе, заради она што го носам а ми е некако врзано со овој "продукт". Немам силен порив јавноста да го разбере овој текст, повеќе некако, интимно за себе, за моите блиски, затоа што мислам дека еден ден, кога ќе ме нема, некои ќе ме дефинираат по ова, а не по пропагандните гадости на разните фабрики во кои учествуваа и мои најблиски роднини, па сепак, ќе се обидам да го направам артикулиран за сите. Нејсе.

Пред да го гледате или читате за Блејд Ранер, ви советувам и најпријателски ви упатувам најдобронамерна покана прво да ги изгледате овие два филма на Денис Вилнев Sicario (2015)Arrival (2016) за да можете полесно да разберете и кога ќе гледате да бидете запознаени со јазикот на овој врвен убер-мајстор на синематографијата. Не треба да сте голем познавач, но филмскиот јазикможете да го разберете и на интуитивно ниво, спонтано без послебни школи и литература, а такви сме најмногу, конзументи кои сакаме да препознаеме дали нешто е вредно или не, особено кога ќе гледаме нешто што дотогаш не сме го сретнале а во исто време е промовирано како нов кока кола продукт па те остава збунет, дали таков хипстерски поп продукт може и реално да има високи естетески вредноти, дали се работи само за добар филм за живање или нешто повеќе.  Затоа, предсе прво давата фима на Вилнев.
 
 
Второ, не верувам дека сте монструм кој попрво ќе остави деца гладни ама мора да го има оригиналот Блејд Ранер на блуреј, но јас сум. Ја имам финалната верзија BLADE RUNNER THE FINAL CUT, (а ќе го купам и овој 2049, не преснимен, туку оригинал), па ви препорачувам, да го изгледате и овој филм уште еднаш (оригиналниот). Направете напор, иако имате чувство, она, "ма го знам, сум го гледал, знам бре све што се дешава" ... не, тоа умот лаже, мрзата всадена во умот така вика. Блејд Ранер се гледа комотно секои пар години без да биде здодевен, затоа што Ридли Скот имал доволно младешки сенс за да од една "тралала" приказна направи амбиентален перформанс кој инстантно е прогласен за култ и тоа трае до ден денес, тоа е филм кој е белег на едно време, култура, умтеност, визија, страв и копнеж наша, тетоважа од едно време. Затоа гледајте и уживајте, верувајте дека сите овие подготовки ќе ви донесат задоволство во секој поглед, а нели е тоа доволна причина? Дури и да претерувам со занесот и моиве упатствија, ама ништо нема да згрешите, ни грам, ни милемтар, ни квант, напротив, но сватете ме дека најискрено го мислам и намерно без арогантна новнарска самобендисаност, дека нешто знам што вие не, па ве усмерувам или се кочоперам со нафрлени фактографии, не "марејќи" за вас и вашите светогледи. Не, премногу емоиции имам во сето ова за да се фолирам, премногу сеќавања, премногу лично.
 
Ги видовте филмовите? Супер, одиме понатаму ... мојата приказна ...
 
 
Блејд Ранер прв пат го гледав во 1984, пар години откако беше премиерата во светот, бидеејќи комисиите на комунистичките партии кои мораа да го прегледаат, а како и денес, не се многу интелигентни и чекаа рекации првин од вишите инстанци дали е погоден или не. Нејсе.
Го гледав во кино како освежување после замачканата вхс копија која се домкна од не-знам-каде на која едвај нешто се гледаше со некој вулгарен спрски, пиратски превод во лет, како му се чуло (lest kisck some ass = има да им се најебемо мајке). Алкохол ли беше, но многу ми се матни сеќавањата од тоа време. Велат алкохолот ги уништувал нервните клетки, а јас верувам и денес дека тоа им го прави само на оние слабите и непотребните.
Пар години подоцна прв пат отпатував за Лондон. Мислев дека Господ сум го видел. Откако ги поминав уште првиот ден сите флиперници со најнови видео игри и Virgin record store од крај до крај, со отечени нозе во хотелска соба, со пар карлсберг пива, пакло ментол и конзерва злосторнички вкусни (такво ми беа во тоа време) индиски ореви, се истресов во хотелската соба. Гледам телевизор на тркалца, голем, 56 цм (катоден) ВО БОЈА СО ДАЛЕЧИНСКООО!!!!!!! Колку што бев полумртов од умор, толку возбуден до тахикардија од пусти мераци. Го залепив пред мене и менувам канали. 5 канали у боја, јеботе!!! А на еден од нив, го дават Блејд Ранер, само што почна. Подзинат а трошки од оревчињата ми паѓаат околу мене, со пепел до прсти од цигарата во другата и пивото меѓу нозе, гледам, за тоа време, фантастично чиста слика. Зјапав затоа што сакав да ја снимам секоја сцена во глава и се кинев одвнатре како да можам да снимам за да имам вакав убава снимка. Како што дојде крајот на филмот и литијата за напуштањето на овој свет:
 
 
I've seen things you people wouldn't believe. Attack ships on fire off the shoulder of Orion. I watched C-beams glitter in the dark near the Tannhäuser Gate. All those moments will be lost in time, like tears in rain. Time to die.
 
Како започна одјавната шпица, така заспав, но има една работа, кога заспиваш со нешто, книга , музика, филм, (барем јас), имам несакана последица како дејство да го продолжам во сон она што на јаве сум го читал или гледал ... тоа што сум го гледал и сонувал, внатре во мене се импринтирало повеќе од нормално инетлектуално-емотивно поимање на уметноста, филмот, музиката, која знаеме да ја конзумирама со доволно лична дистанца и интегритет. Јас тој интегритет го загубив со овој филм. За мене веќе не постоеше критично гледање или само обожуање на филмот. Тој стана дел од мене, не само свесно туку дел и од моите подсвесни ни надсвесни поимања на светогледот околу мене. Открив нешто во себе преку него некоја торжествена возвишеност која многу тешко можев да ја артикулирам тогаш, едноставно како да сум видел провидение кое не можеш да го објасниш.
"I've seen things "... оваа литија подоцна ми стана лајт мотив на мојата работа во 103-ка. Па со истиот тој текст напрвив и џингл кој се вртеше до избезуменост, а цитатите од филмот ги вментував во оние амбиентални пасажи на Афекс Твин, Фјучр Саунд Оф Лондон, Клаус Шулс, Орб, Tangerine Dream... Таму и запознав луѓе со кои можев да се отворам и анализирам овие мои чувства. Култниот филм го гледавме заедно, повеќе пати и уште толку долго разговаравме за него што приватно, што во живо во програма.
Некаде во тоа време и ја запознав мојата Рејчел која ми стана сопруга. А беше и она ептен уфурана у тој филм, резултатите денес се видливи и матрјализирани.
 
 
Како што технологијата напредуваше стигнав конечно да купам блуреј и ХДТВ со голем екран и еден од првите филмови кои ги гледав беше токму тој.
 
Блејд Ранер денес не може да покрене такви силни емоции во мене, но он е како мое дете, роднина, дел од моето растење и живеење, јас го доживувам како документрен филм од моите соништа, а не како некакво умтеничко дело на некој си таму Ридли Скот. Блејд Ранер е ехо на моите соништа, несакани или сакани, стравови, копнеж и желба, не знам зошто но ете така го доживувам.
Кога разбрав дека ќе се снима продолжение на Блејд Ранер без да знам детал, имав само радост. Ништо друго. Ама ништо друго не ме интересираше, како роденденската забава да продолжила уште три нови часа и нема фајронт, како на деца кога во игротека ќе им дозволиш продолжен престој. Знаев дека каков и да биде што и да биде, знаев дека ќе уживам, затоа што како холограмот преку живата проститутка во филмот ќе ми се склопуваат детали од стариот уживајќи во новиот како да е вистински и реален.
 
 
Кога дојде време за филмот, два дена пред премиерата добив најубав повик ИМАТЕ ДВЕ КАРТИ ЗА ПРЕМИЕРАТА, не дека не бев спремен да откупам цела сала, остај друго се распрашував колку кошта и за услови за кредит, но знаејќи дека градов има луѓе кои искрено ќе сакаат да го видат оти знаат што е тешко ќе се дојдеше до карта така што големо благодарам до Синеплекс, јас знам да ценам вакви гестови (иако колегите ми мои обично арогантно се сметаат за виши суштества и дека просто им следува)
Во фамилија сме сите меракли по филмови, "хајпот" не се пропушта, но знаејќи колку ми значи немаше отпор кон тоа што го одбрав еден од синовите кој по карактер е стоик и е со спротивна динамика од мојата. Сакав да мене некој кој ќе биде фокусиран, нема да станува три пати, нема да јаде, пие, грицка, коментира ... а ние сме прилчно динамично семејство.
Со истурање леген вода зад мене ме испратија, а јас дотеран како дете за системтски преглед, избањат, намирисан, стокмен ... и со два фервекса во мене оти имав темпратура, но го отерав имунитетот у три лепе и го стегнав квантниот простор околу себе и кинисав. Дојдов 45 минути порано, а таму веќе собрани кои чекаа премирата. Неверојатно, јас знам дека сум луд, ама мислев дека сум сам, ...брачоооо!!!
 
Пар зборови за организаторите на настанот, ај што Синеплкекс не размази и сите светски премиери ги имаме во ист дена па и порано како и светските, туку навистина се трудат да направат настан. Импровизиран но стилизиран шанк на Џони Вокер во стилот на барот на Блејд Ранеер (во оригиналниот Форд локаше Црна Етикета) на шанкот веќе наредени шотови Џони, од другата страна закуска од соседниот локал Кугланата како комплимент и ајирлија за премиерата. Видете и за други филмови прават вака ама вака како денес ретко и некако посебно ми се бендиса ...
Дојде синот, и се нашанкиравме кај Џони-то, он право од работа, мавна еден па се пушти на закуската, а јас одбив оти имав добра количина на парацетамол во себе. Околу шанскот пар дами естетизирани како ликовите од филмот, дечките на шанк кул, па дури и добар муабет истеравме што резултираше на мое попуштање и две дози Џони Блек Лејбл од нога бидеејќи малку доцнеше премиерата.
 
 
Филмот е снимен во 3д и 2д и премирата беше со наочари. Мислам, сосема непотребно бидеејќи овој филм е спектакуларен и со едно ќоро око да го гледаш ...
После 15 минути на мојот ќутлив син кој од почит ни јадеше, ни пиеше, ни коментираше, јас не додржав и му реков ... "овде, сега, да заврши филмов E ОДЛИЧЕН". И таа реченица му ја повторив уште пар пати до крајот ...
 

 
Не, филмот не е емоционален карусел, филмот е со долги, бавни сцени, без многу говор, текст, акција...акција, акција и нема, ова не е акционен филм, не е дури ни драма, ова е емотивно – филозофско и пред се некакво визулено - трансцеденталено созерцување кон прашањата кои филмот ги поставува и намерено, како што еден поет кажа - уметноста врти околу вистината со цврста намера никогаш да не се допре до неа ...не дава одговори туку наслутува. Ова е филм кој мислиш дека се врти во твојата глава, дека го сонуваш, а не гледаш. Овде нема успони и падови и навистина не знам но во вакво бавно темпо, магливи спектакуларни слики, со долги швенкови, возење со фар, да те задржи публика која возбудено дошла да гледа продолжување на акционен СФ трилер просто е неверојатно.
Затоа ви реков, да се изгледаат двата филма од Вилнев за да го почувстувувате неговиот мајсторски волшебен говор без зборови кои просто те залепува. Не знаеш што е, но доволно да ти го задржи вниманието запалепен без да гледаш у деколте пред тебе, или прекрстени миничи околу тебе, мацаш начос или крцкаш пуиканки како мајмун или локаш пиво со придушено поджрдригнуваење. Јас немав појма дека овој филм ќе произведе и дека бара камерна атмосфера, но Вилнев ја наметна дури и кај оние гребатори кои живи среќни изгребале карта и дошле да гледата било што, да се накркаат и налокаат и да се осеќаат дека се американци, вотевер.

Салата два и пол саати беше штама, публиката како да свесно дошла на уметнички перформанс и не може, а да не се забележи дека ретко се случува на премиера да имаш публика која со став и држење ќе го испчочитува, оти сепак на такви настани сме прилично стегнати и во его и не се опуштаме па да си дозволиме да не вози било што ... но Вилнев не хипнотизира два и пол  саати. Два и пол сати скоро никој не искризира за полно бабуле или никотинска криза, ниту оние кашлања и одблесоци и зјапања на телефон скоро и да немаше. Како го пишувам се подсетувам и ме фаќа блага језа сваќајки колку моќно го доживеавме овој филм.
 
Филмот не те остава долго во непознаница, некаде на почетокот самобендисано Вилнев ни дава "инсепшн" дека сме ја укапирале темата и дека главниот лик е во потрага ...
 
 
Сега следуваат спојлери, па да не ме пцуете....
 
Филмот продолжува, секако и по насловот, 30 г подоцна. Планетата доживеала помрачување – настан кога сите дигитални податоци биле ибришани и добри и лоши,  иситорија и банкарски сметки, досиеаја и фотографии. Фрагменти само од аналгни и по некои зачувани аудио фајлови. Во меѓувреме и еко системот се распаѓа. Низ филмот дзнаваме дека Декард и Рејчел после бегството на крајот на првиот филм, живееле не многу долго и среќно но им се случило чудо. Рејчел, иако репликант, по некоја божествено, необјасниво промисление или по некоја полу-успешна интервнеција на компанијата Тајлер пред да пропадне, останува трудна со Декард. Планетата која умира станува негостољубива за нас луѓето, и иднината на новиот свет се новите, репликанти кои ќе можат да се размножуваат и се подбри и од луѓето во издржливост но со исти силни емоции. Рејчел живее колку и е рокот на трање, 4 години само, а детето е дадено за да се сокре секоја негова трага оти ќе го бараат.
 
Главниот лик се вика К, е репликант, осознава што е и низ неговата потрага ние ги дознаваме сите детали. Во првата третина Вилнев ни наговестува дека “К” кој го игра  фантастичниот Рајан Гослинг, е детето на Декард и Рејчел. Тој во потрагата стига до Декард, кој повторно го игра Харисон Форд и извонредно го реинкарнира кулнтиот лик, мислеејќи дека го пронашол својот татко ... но ... Тука е игранката на режисерот кој ме натера малку надуено триумфално да му шепнам на син ми дека К е синот и дека сум го укаприл сценариото ... ах како се заебав...како и сите други.
Филмот не се обидува да биде скромен во своите епско-библиски пропорции, со силни асоцијации на трагање по бесмртност на фараони во модерни пирамиди, кршливи луѓе кои во миг на очај даваат најмногу, прашања врзани за животот, смртта, суштината на битисувањето и не давање доволно одговори колку што прашања се поставија.
 
 
Филмот е за повеќекратно гледање. Во различен период, во различно рапосложение и нескромно ќе кажам, не се лсучило досега продолжеток да стане култ и на исто ниво како оригиналот, но Виленв токму тоа го направил.
Толку ми без силни чувстватапосле филмот и не дозволив ниедно да се вообличи, возбуда, љубов, носталгија, тага, возвишеност, ги заджрав сите во себе како убав микс кој дава топли на одвнатре.
Рекацијата на публиката беше прекрасна – аплауз, мал скромен но, аплауз на ваков филм!?!?! Публико, ти се поклонувам! Па сепак не сакав да ризикувам, извадив слушалките и пуштив 100 прозорци Масив Атак на најгласно за да не ги слушнам коментарите.
Знаете сепак јас сум најголемиот слушач во државава, и мислењата на другите допираат до мене, а јас сум сум засекогаш изменет одвантре и се гордеам што е така, но за филмов не сакав ничија сугестија, ни од најблизок, сакав да го задржам тоа чувство на неодредана исполнетост во утробата, несикажлива мешавина на повеќе чувства без да дефинирам ниедно, комбинација од емоции и виши идеи, кога умот и срцето се синхорнизираат, ни светите Отци не наоѓаат човечки зборови да се опише, обично велат: тaка Господ говори во нас, се ти е јасно но не можеш да го повториш или објасниш.
 
 
Ете, излезе од мене, такво какво што е, за да еден ден, после 30 години се подсетам пвотрно на ова доживаување. Продуктов ви го давам каков што е со сите маани, не го земајте за пресериозно оти ниту е со намера да биде стручен или професионален, едноставно е како вода истурена одозогора, истече...
 
“Нема ништо почовечко одошто да го дадеш животот за виша цел!” цитат од филмот

 
 
 
 
 
 
 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани