Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за Шилегов
  Објавено на
share

Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за Шилегов

Македонија нема друга алтернатива освен соработка меѓу двете најголеми заедници – Албанци и Македонци. Само на овој начин, заедно можеме да бидеме сигурни во чекорите што не очекуваат, порача денеска од Сарај лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Според него, мораме да гледаме напред и да ја свртиме главата кон иднината, да ги оставиме зад нас лошите работи, но не и да ги заборавиме, зашто заборавајќи го минатото не знаеме да ја градиме иднината.Иднината на Македонија, подвлечe Ахмети, се Европа и НАТО.

Осврнувајќи се на актуелните политички случувања, Ахмети ја нагласи транспарентноста на ДУИ како една од главните доблести.

– Рековме дека склучивме договор за партнерство со СДСМ на централно и локално ниво зашто тоа е од заеднички интерес. Политиката е интерес и ние сме избрани да ги браниме интересите на заедницата што ја претставуваме, но без двојни стандарди – како зборуваме, така и работиме. Барам од вас да го поддржите кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, за градоначалник на град Скопје, исто како што и СДСМ не поддржува во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. И во вториот круг од овие избори, поддршката ќе биде меѓусебна, рече Ахмети, оценувајќи го ова како чекор во служба на иднината за да се надминат „некои предрасуди“ за подобра клима во Македонија.

Според него, ова не се постигнува со кампањи и патриотски речник, бидејќи овие поглавја се затворени.

Кандидатот за градоначалник Блерим Беџети и носителот на советничката листа Решат Рамадани изразија уверување дека ДУИ влезе во трката на локалните избори за повторно да ја добие поддршката од граѓаните на Сарај.Проектите, според Беџети, целосно ќе ја урбанизираат општината преку локалниот економски развој, инфраструктурата, образованието, здравството, културата, спортот и животната средина.Беџети ја најави изградбата на поликлиниката што е, рече, долгогодишна потреба на жителите и за тоа, како што информира, е одредена локацијата




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани