Девојката која изјави дека имало повеќе од еден напаѓач во Лас Вегас пронајдена мртва
  Објавено на
share

Девојката која изјави дека имало повеќе од еден напаѓач во Лас Вегас пронајдена мртва

 

Кимберли Шухомел, која го преживеа масакрот во Лас Вегас и која тврдеше дека имало повеќе напаѓачи кои биле вклучени во истиот, е пронајдена мртва. Таа имала 28 години.

Кимберли, која не била повредена за време на пукањето на музичкиот фестивал, изненадувачки починала во раните утрински часови во понеделникот во својот дом во местото Апел Валеј. Нејзината баба Џули Нортон изјавила дека таа починала утрото во четири часот кога била сама во куќата.

Нортон ја пронашла Кимберли во 8:30 часот, кога дошла да го чува својот 3-годишен правнук. Сопругот на Кимберли, Мајк, заминал на работа порано тоа утро, околу 4:30 часот.

Ден пред пукањето Кимберли изјавила за дневниот весник „Викторвил дејли прес“ дека таа и нејзините пријатели побегнале за да се спасат додека се пукало од сите страни врз 20.000 посетители на концертот што се одржа на 1 октомври.

Кимберли исто така истакнала дека се работи за повеќе од еден напаѓач, потсетувајќи повеќепати и тврдејќи дека полицијата во Лас Вегас и мејнстрим медиумите не o7; овозможиле на јавноста да ги согледа вистинските докази за тоа што навистина се случило.

„Секој преживеан учесник на концертот со кого разговарав смета дека имало повеќе напаѓачи, и најмалку еден кој се наоѓал на земја. Зошто не го сфатиме тоа сериозно? „Многу  нешта не се поклопуваат во целата приказна“, напиша Кимберли на „Фејсбук“.

„Гледав вести постојано откога се вратив дома. Приказната со која ја ‘хранат’ јавноста не се поклопува со приказните на очевидците. Нешто не е в ред со она што ни го говорат и сè се сведува на чиста измама“.

Во моментот кога ги побарала сопругот и бабата за да ги предупреди дека се наоѓа среде пукотници и да им објасни дека можеби нема да остане жива, таа напишала: „Пукотници се слушаа цело време. Не дојде до прекин. И се слушаа непосредно зад нас, нè следеа. Куршуми доаѓаа од сите страни. Пред нас, зад нас, покрај нас. Но, јас знам дека имаше некој кој нè гонеше. Цело време го чувствував тоа. Колку бевме подалеку од местото толку пукотниците беа поблиску до нас. Се обидов да погледнам назад очекувајќи да го видам напаѓачот и тврдам дека постоеја повеќе од едно лице. Беа повеќе од еден. 100% сум сигурна дека имаше повеќе од еден“, вели Кимберли.

Нејзината баба потврди дека таа била во добра состојба. Иако боледувала од локална епилепсија, таа наведе дека таа состојба ретко е опасна по живот.

Веста за нејзината смрт дојде ден откако собарот во хотелот „Манделеј Беј“, кој го паркирал автомобилот на убиецот Стивен Падок кога се пријавувал во хотелот мистериозно исчезнал откако го дал интервјуто за мејнстрим медиумите, истакнувајќи дека се сомнева дека убиецот бил „нормален човек“ и дека немал многу багаж.

Собарот исчезнал

Чад Нишимура, вработен во хотелот „Манделеј Беј“, дал интервју за хавајскиот медиум „KITV 4 News“.

Тоа интервју дополнително било избришано од веб-страницата  на„KITV 4 News“ откако е утврдено дека има спротивна реторика од онаа на владата и службените власти за „волк самотник“, и дека револверашот Падок некако успеал да прокриумчари доволно оружје во својот хотелски апартман незабележан од страна на персоналот, лицата од обезбедувањето и безбедносните камери.

Медиумот досега не објасни зошто нивниот текст изненадувачки беше избришан од нивната веб-страница.

Стражарот исчезнал

Веста за изненадувачката смрт на Кимберли дојде откако „Фокс њуз“ јави дека стражарот Исус Кампос исчезнал минута пред да се појави на шоуто на Шон Ханит како гостин.

Од телевизијата не биле во состојба да го објаснат неговото исчезнување. Ханит не го споменал Исус и неговото недоаѓање во текот на програмата .

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани