Домашен притвор за четворица обвинети во случајот МОНСТРУМ
  Објавено на
share

 

Домашен притвор за четворица обвинети во „Монструм"



Врховниот суд донесе решение со кое на четири лица обвинети во случајот „Монструм“ им определи домашен притвор,  редовно јавување пред Кривичниот суд два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода.

– Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1,  два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода, соопшти попладнево Врховниот суд.

Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На  24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.

На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.ум“омашен притвор за четворица обвинети во „Монструм“




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани