Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека мигрантите кои ги исполнуваат условите можат да се пријават до 28 февруари, а парите ќе ги добијат по враќањето во нивната држава.

Мигрантите кои ќе се согласат да се вратат во своите домови пред донесувањето на одлуката за барање на азил, претходно им беше нудено по 1.200 евра, а на децата 600 евра, во рамките на посебната програма.

Сега тие можат да конкурираат за двете програми.

Во досегашната програма за повратниците, од февруари до октомври учествувале 8.639 мигранти, додека во Германија има околу 115.000 одбиени баратели на азил, наведува германскиот неделник Билд ам Зонтаг. Многумина од нив не ни можат да бидат депортирани од хуманитарни причини.