Почнува судењето за „Тотал“ - Латас на обвинителна клупа
  Објавено на
share

 Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Специјалното јавно обвинителство на 18 октомври го прими известувањето од скопскиот Кривичен суд дека е прифатен обвинителниот акт за случајот „Тотал“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани