WALL STREET падна. Колапсот ги зафаќа и останататите берзи сега дојде и во Европа
  Објавено на
share

 

КОЛАПСОТ НА ВОЛ СТРИТ ПРИСТИГНА И ВО ЕВРОПА

 

http://money.cnn.com/2018/02/05/investing/stock-market-today-dow-jones/index.html

Европските пазари ја следеа судбината на оние во Азија и САД и забележаа големи падови за време на денешната трговија. Ова е објавено од страна на светските агенции. Инвеститорите почнаа да ги продаваат акции поради страв од зголемување на каматните стапки во САД.

Берзите во Лондон, Франкфурт и Париз регистрираа загуби од 3%, додека индексот “Дау Џонс” загуби 4,6%, а “Никкеј 225” – 4,7%. За “Дау Џонс” ова е најголем пад по финансиската криза во 2008 година и најлошиот ден во историјата на индексот, кој се одразува и врз она што се случува со повеќето најкрупни американски индустриски претпријатија.

Индексот ФТСЕ 100 на крајот на вчерашната трговија беше на најниско ниво од април. DAX во Германија првично објави 3,5% од својата вредност.

Домино ефектот тргна кон крајот на минатата недела, кога новите податоци покажаа посилен раст на платите во САД и при тоа им дадоа основа на експертите да очекуваат брзо кревање на каматната стапка, како мерка за борба против инфлацијата. Ова ќе го направи позајмувањето на пари поскапо за бизнисите и за поединците.

Аналитичарите вп моментов сметаат дека при случувањата е неопходна “корекција” на пазарот по долгогодишниот раст и кој е резултат на обидите на инвеститори во сегашните миговит јасно да проценат кои од акциите во портфолиото се на солидните компании и кои се само дел од т.н. “Меури”.

Сепак, малкумина очекуваат остриот пад на клучните индекси да имаат трајни ефекти. Но, факт е дека случувањата влијаат не само брокерите на најголемите светски берзи туку и на пензиските фондови, кои ги користат придонесите на граѓаните, за да тргуваат со акции и да реализираат профитабилност. Во случај на неуспех на пазарот, тие исто така се изложени на ризик.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани