ЦРНИОТ ПАНТЕР - импресии
  Објавено на
share

Импресии од Црниот Пантер во кино 

 

- Предрасуди
 

Ма ги имав, цел куп. Имено, заради политичка кокректност филмовте денес во Холивуд не се призведуваат според реална кретивна насока и еквивалентно заработувачка, туку се поголем удел имаат општествените движења, оправдани или неоправдаани во американското општество. и се додека тоа не ги опфаќа ААА филмовте, кои се блокбастери исклучуво за забава, а се претежно стрип-базирани, јас лично немам проблем. Моите предрасуди беа дека и покрај супер јунаците ова е уште еден од црни-гето филмови за обесправените црнци, лошите белци и се друго кое следува. Проблематика која ниту ми е блиска ниту ги разбирам сите сегменти, освен една - човекови права и слободи. Но ова не е ангажаиран филм и не сакам во филм за кој сум платил карта некој да ме учи каков секс да имам со саканата, како да ги прифаќам оние од различен пол, ориентација, боја, колку лошиоте се добри и добрите се лоши. Марвел е универзум кој си го почитувам и мене ми служи само и само за забава. Намрчен со стиснати веѓи седнав и мајката нивна шарена марвеловска, знаеле дека овој филм не може на сила никого да преубедат или продаваат Малком Икс приказни, па наспроти тоа, се потрудиле да направат филм со општочовечки вредности кого никого нема да фаворизираат и никој нема да се чувствува инфериорен или да излезе со чувство на вина оти некој таму некого на брод ловел робови (што ние како општество одмана сме го расчистиле и навистина немам намера да гледам нови филмови за Кунта Кинте)

-Дали е гледлив?

Филмот ме залепи за седиште преку два часа, неоспорно, најбитната работа за еден филм е да го излгледаш, да биде интресен - толку е минимум што еден филм го бара од тебе. Значи два и пол часа се исплати здрвување, бидеејки и покрај падови во нарацијата - интересен е! Нема да зажалите ни денар што сте платиле карта.

-Дали има политички пораки

Да, има и се некои општи нормални , човечки, кои во склоп на приказната соема пристојно прилегаат и не го прават Спајк Ли филм, режисер кој го почитувам ама никогаш не би платил карта за негов филм чии пораки се навистина ок, ама јас за тоа не давам пари. На ТВ, можеби ...но за Пантерот - да, политичките пораки беа на место и тоа како и ќе го гледам уште еднаш.

-Има ли врска со Марвел универзумот?

ДА. Но, колку што Македонија е дел од Европа и Нато, тежнее таму, као е ама не е. Пантерот е лик кој е врзан со марвеловите јунаци ама нема преплетување како што има меѓу Капетан Америка и Ајрон Мен, Тор и Чуварите, Доктор Стрејнџ и останатите итн итн... и случувањата пред и потоа. Да, се наслутува, се спомнува, но овој филм си има свој тон и колорит кој го прави потполно самостоен. Да не го направиле филмов, ликот ќе си беше и во Infinity War без проблем, но драго ми е што го направија ... зошто?  Па го направија со многу егзотика, како Галичка Свадба, колоритен, традиции на стари култури и се тоа тоа на успешен начин ставен во премиста дека црните луѓе се народ со корен и традиција како и секој друг белосветски на планетава. Традициите повеќе и помалку се познати, но мајсторски е тоа снимено, пакувано и приказната е навистина добро осмилсена, како за ААА филм на Марвел на Стен Ли, сосем доволно.

-Визулено?

Видите, кога FX3X, нашата компанија за визуелни екефкти е вклучена - нема критика, само пофалби, но не морам да се преправам, филмот е навистина прокулин за очи. Ни претерано, ни пренагласено, ни премалку и премногу, суптилно, таман како што треба колку што треба, да е во функција на приказната без да се замараш од деталите. Затоа знаев, а сега уште поубеден дека ваквите визуелни три А филмови кои обично се за една употреба, Марвел успеа да ги направи да те натераат да ги гледаш повеќе пати без да ти го намали доживувањто. а ќе се согласите ретки се филмови на кои се оди повеќе пати, но Марвел страшно добро везат филмски гоблени!

-Аудио??!

Чуј, што па имав сега врс... МА КАКВА ДОБРА ГЛАЗБА!!! ... се врти на филмот, просто ти доаѓа да им подвикнеш на вработените во Синеплекс - ПУШТО ПОГЛАСНО ТОА БАСОТ, МОРЕ ЕЕЕЈ!!!! Се во нивни стил, на Црниот патер, таква е и музиката, ќе те натера да цупакш  ида поскаш тоа басот да удри појако ... згора, треадиционалните африкански ритми одлично вклопени и во филмската музика но и одлично пасуваат и со нумерите кои се вртат. Навистина изненадувачи добро, слободно ќе кажам можеби најдобра музика на Марвел филм досега!

Заклучок

Филм за сите чула кој никого нема да остави рамнодушен, ни љубетели на забава и оние со поистенечен филмски вкус. Марвел цепа филмови како Билсите музика. Навидум се тралала а во суштина сложени форми кои остануваат и се паметат многу долго. Марвеловите филмови иако се наменски блокбастери нема да бидат лесно заборавени затоа што најдоброто од филмот е спакувано во едно. 

Со сите маани, а ги има, овој филм си вреди за сите пари. Вреди да гои гледате и во 2 и во 3Д и ако имате врски, барајте погласно! Само малку ставаат од тоа топениот кашкавал, штедливи австријци! :)

трејлер линк https://www.youtube.com/watch?v=SzRUNWwnNM8
 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани